„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025
Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно. Ова го истакна синоќа во телевизиско гостувње министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Тој истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави, во синоќешното гостување на „ТопТема“,
- Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање направени. Оваа недела ќе има и нови кривични пријави, за различни проекти кои што никогаш не се реализирале, а биле исплаќани - потенцираше Андоновски.
Тој додаде дека Фондот за иновации го има изгубено кредибилитетот поради оние кои што додека раководеле со фондот давале пари за непостоечки иновации, оценети негативно и од ревизорски извештаи.
- За жал, Фондот за иновации го изгуби кредибилитетот кај граѓаните и ние ако отвориме нова програма утре во Фондот за иновации, луѓето ќе речат вие сте исти како претходните. Како што претходните делеа пари за хулахопки, за пица рецепти, за небинарен тоалет, така и вие сега ќе правите за некои нови. Тоа не можеме да го дозволиме - укажа министерот.
Тој додаде дека планот е постапно Фондот да се затвори, а надлежностите да ги преземат Министерството за дигитална трансформација, МОН и други соодветни институции.
- Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации тоа е нашето министерство, во научните проекти и иновации министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен - појасни Андоновски.
Андоновски испрати и поттикнувачка порака до моменталното раководство на ФИТР, да работи уште понапорно на ревизијата како би се открило сè што се случувало внатре.
- Го поттикнувам Фондот да работи уште понапорно на ревизијата. Кога ќе го исчистиме процесот од овој неквалитет и криминал што му се случува на ФИТР, ќе имаме отворено поле да дискутираме која е следната патека. Според мене тоа се Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) како иновативен начин да одиме напред, за кој што обезбедивме еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инекција за бизнисот - дециден беше Андоновски.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок

Уапсен бугарски државјанин кој организирал измами со лажни сообраќајки

НАМЕСТО НАЈЕВТИНАТА ПОНУДА ОДБРАЛЕ ПОСКАПА - Финансиска полиција поднесе кривична за директор и шест вработени во РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ упорно бара Коцевски да замине, Филипче смета дека треба да остане

„РИСОТ НЕМА ДА Ѝ ПРЕЧИ НА НИТУ ЕДНА СОСЕДНА ДРЖАВА И Е НАШ НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ - ЛДП предлага тоа животно да се најде како симбол на нашиот државен грб

НА БУГАРИЈА НЕ И СЕ ДОПАЃААТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Властите во Македонија да се воздржат од реторика која поттикнува омраза

СЕ БЛИЖИ СВЕТИ ВАЛЕНТИН: Дали младите купуваат злато или тоа стана луксуз?

СУДИИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ДОБИЈАТ ОД 6 МЕСЕЦИ ДО 10 ГОДИНИ ПРИ НЕЗАКОНИТ АКТ – нов предлог за измени на Кривичниот законик

ДИМОВСКИ ЖЕСТОКО УДРИ ПО БЕЏЕТИ: Немате право да се жалите и да плачете!
