19 Март, 2024
0.0238

Колку е исплатлива премиум тарифата за фотоволтаични централи во Македонија

Објавено во: Колумни 13 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Новата мерка за поддршка на инвестиции во фотоволтаични системи, позната како feed-in premium, треба да придонесе за неколкукратно зголемување на портфолиото на фотоволтаици во државата, кое во моментот изнесува 18MW. При оваа мерка за подршка, електричната енергија од обновливи извори се продава на слободниот пазар, а произведувачите добиваат дополнителен приход по киловат над цената која ја добиваат од слобониот пазар.

35MW фотоволтаици треба се изградат на државно земјиште кое ќе биде дадено на концесија на 50 години на инвеститори кои ќе побараат најниска субвенција по произведен MWh енергија од фотоволтаичната електрана.  25 MW се планирани во Азамбегово (Свети Николе) и 10MW во село Манастирец (Македонски Брод).

Најмалата парцела која ќе може да се добие е за проект со големина од 1MW, а најголемата 10MW. Сепак, еден инвеститор ќе може да аплицира на повеќе парцели, за максимум од 17MW.

Инвеститорите добиваат под концесија пренаменето земјиште со готова документација, обезбеден приклучок во мрежата за предавање на електричната енергија и соодветно опремена локација (оградено земјиште, сервисен пат итн). Но, ништо од ова не е бесплатно. За приклучокот, ќе треба да се плати околу 20 000 евраза Македонски Брод, и нешто повеќе од 30 000 евра за локација во Свети Николе по MW капацитет. 0.5 евра по метар квадратен за комунални такси треба да се исплати на општината. Ако се земе конзервативен фактор од 2 метри квадратни за киловат, тоа значи дека за еден MW треба да се одвојот околу 10 000 евра за комунални такси.

Максималниот премиум кој може да се побара, изнесува 15 евра по MWh произведена електрична енергија, и истиот ќе се исплаќа од страна на државата еднаш во годината. Договорот за премиум е на период од 15 години. Постои можност да има и обратна аукција, доколку се постигне минимумот од 0.01 евро по MW. Во тој случај, инвеститорите ќе надаваат за фиксна сума која би ја платиле за концесија на земјиштето.

Најповолно за инвеститорите е да ја продаваат електричната енергија на слободниот пазар. За тие што нема да успеат, на друг тендер ќе биде избран off-taker (некој од снабдувачите) кој ќе се обврзе да ја откупи електричната енергија. Секако, во овој случај за инвеститорот би значело помала цена за енергијата, а со тоа и помала добивка.

За учество во наддавањето, компанијата треба да има вкупно обрт од најмалку 500 000 евра во претходните 3 години. Гаранцијата за сериозност во понудата изнесува 20 000 евра по MW. Наддавачот кој ќе го добие тендерот е потребно да има банкарска гаранција од 75 000 евра по мегават, за изградба на централата во рок од 3 години.

Инсталацијата на 1 мегават фотоволтаици, чини приближно 700 000 евра. Според пресметките на Solar Data Collector, локацијата во Свети Николе има малку поголем потенцијалод локацијата во Македонски Брод(1547 kWh наспроти 1488 kWh сончева радијацијагодишно). Тимот на Solar Data Collector, за специфичното производство на електрична енергија на овие локации, пресмета дека би изнесувала ~1400 kWh/kWp. Тоа значи дека годишното производство ќе изнесува:


1400 MW/h енергија од 1 MW фотоволтаици.

Ако се земе предвид годишна деградација на системот, за 15 години истиот би произвел 19 900 MW/h. Комуналиите за трошоци и приклучок би чинеле 0.46 EUR/MWh.

Со цена за струјата од 55 евра/MWh плус премиум од 10 евра/MWh, инвестицијата се враќа за 8-9 години. Животниот век на системите се движи и над 25 години, што значи дека би имале неколкукратен поврат на инвестицијата.

Најголемиот ризик е цената на електричната енергија на слободниот пазар, иако предвидувањата на повеќе организации велат дека истата ќе расте во наредните 10 години на Европскиот пазар.

Сепак, потребна е детална анализа за да се намали ризикот и да се изготви проект и физибилити студија за конкретната локација. Solar Data Collector нуди услуги во оваа област кои се засновани на податоци од повеќе извори, чија прецизност достигнува сигурност од 98%. Уникатноста на овој систем е во тоа што неколкукратно се намалуваат трошоците за мерењето на повраток на инвестицијата, а се зголемува прецизноста на резултатите.


Дамјан Постоловски

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?