06 Декември, 2025
0.1816

Колку е клучна женственоста за успехот на една жена?

Објавено во: Стил 05 Ноември, 2014 16:15

Добивај вести на Viber

Жените кои сакаат да успеат на работното место, не треба да подлегнуваат на искушението да дејствуваат како мажи, утврдиле научниците. Според истражувањето жените кои имаат агресивен пристап, е помалку веројатно да се издигнат од оние кои покажуваат повеќе женски карактеристики.

Овие резултати, кои најверојатно нема да бидат прифатени добро особено од феминистките, покажуваат дека најдобар начин за жената да успее во еден машки свет е да се однесува како дама. Новото истражување ги потврдува претходните, според кои самоуверените жени е поверојатно да бидат игнорирани на работното место од покротки типови жени.

Иако самодовербата кај жените се цени високо од мажите, овие дами се запоставени од работодавачите, бидејќи не се доволно женствени и се сметаат за непривлечни.

Истражувачите анкетирале 80 мажи и жени за карактерните црти , додека ги учеле постдипломските студии по бизнис администрација. Осум години подоцна научниците се поврзале повторно со нив, за да откријат како им се развивала кариерата. Тие утврдиле дека "мачо" жените кои имале повеќе агресивно однесување, добиле помало зголемување на плата за разлика од од женствените дами.

Претходното истражување покажа дека самоуверените жени кои аплицираат за работа имаат мали шанси да бидат вработени.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: