КОЛКУ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ДОЛЖИ ДРЖАВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ
Објавено во: Агробизнис, Колумни 08 Септември, 2019
Неодамна, неколку земјоделци на ТВ канал изјавија дека средства што им припаѓаат на земјоделците како финансиска поддршка на земјоделството, а предвидени со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2019 година не им се исплаќаат редовно, но дека има и неисплатени средства од претходни години.
Согласно, Законот за земјоделство и рурален развој, како и други акти, Владата на СРМ секоја година донесува програми за поддршка, планира буџетски средства според програмата, а реализацијаа на програмата и расподелба на финансиските средства ги спроведува Платежната агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
За 2019 година годишната програма предвидува (планира) финансиски средства по таканаречени мерки, а една од десетте мерки (десетта) гласи заостанати обврски по мерки од програмите за финансиска поддршка во земјоделството од : 2012,2013,2014,2015,2016,2017 и 2018 година во иснос од 2,830 милијарди денари, а вкупната сума со која треба да се поддржува земјоделството во 2019 година изнесува 3,139 милијарди денари. Ова покажува дека во 2019 година Државата им должи на земјоделците износ кој претставува 90,2% од предвидените вкупни средства за 2019 година односно, ако не обезбеди средства за заостанатите долгови ќе им исплати на земјоделците само 10% од средствата предвидени со мерките за поддршка во 2019 година,а а тоа се 6,139 милијарди денари.
Возможно е Државата да одлучила дефинитивно да се раздолжи и да не се пренесува долгови во следната година освен за одредени производства предвидени со мерките.
Меѓутоа, прашањето се усложнува ако се имаат во предвид програмите од претходните години бидејќи во Програма за 2018 година бие плнирани средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството од претходните години во износ од 3,302 милијарди денари, што претставува 53,2 %, од вкупната сума предвидени за поддршка на земјоделства во исноз од 6,211 милијарди денари. Тоа покажува дека од сумата од 3,302 милијарди денари планирани да се исплатат според Програмата за 2018 година реализирани се само 471,733 денари, а останатиот долг е префрлен за 2019 година.
Ќе биде релативно отежнато раздолжувањето на Државата кон земјоделците, бидејќи високите суми на неисплатени средства се регистрирани во сличен износ од 2017 година, во износ од 2,728 милијарди денари со очигледното ветување односно предвидување да се исплатат во таа 2017 година,а наместо раздолжувањето, долгот во 2018 година се зголеми за 574 милиони денари.
Според мерка 10 од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2019 година, долгот акумулативно се зголемува од 2012 година до 2018 година. Ова покажува дека релативно и помалите износи не се исплаќани, а за жал неорганизираните земјоделци со самонаречени претседатели на нивните здруженија кои и не се прави здруженија формирани, според Законот за здруженија на граѓани и фондации, очигледно не ги заштитуваат земјоделците.
Но да видиме од кога почнува и што спаѓа во долговите?
Поддршката за развој на земјоделството започнува според Програма на Владата во 2007 година со релативно скромна сума од само 868 милиони денари. Тоа е период од неколку години пред да се формира платежна агенција за поддршка на земјоделството и рурален развој, меѓутоа и од тоа скромни суми во 2007 година биле предвидени 2 милиони денари за долг од 2006 година. Понатаму средствата за поддршка растат,а и долговите растат кои последните години достигнуваат и до 50% од планираните финансиски средства за соодветни години (види табела )
Преглед на износите на средства за поддршка на земјоделството и долговите
кон земјоделците
Година |
Планирани средства
милијарди ден. |
Неисплатени од претх.год. милијарда ден. |
Процент на неисплатени (%) |
2007 |
0,868 |
0,2 |
0,23 |
2008 |
2,008 |
0,9 |
0,44 |
2009 |
3,925 |
0,40 |
1,02 |
2010 |
5,327 |
0,505 |
9,48 |
2011 |
6,234 |
0,350 |
5,61 |
2012 |
6,932 |
0,900 |
12,98 |
2013 |
6,886 |
0,900 |
13,07 |
2014 |
6,260 |
0,906 |
14,47 |
2015 |
6,260 |
0,850 |
13,58 |
2016 |
6,320 |
2,900 |
45,89 |
2017 |
6,118 |
2,728 |
44,52 |
2018 |
6,211 |
3,302 |
53,16 |
2019 |
6,139 |
2,830 |
46,09 |
Вкупно |
69,488 |
16,220 |
23,34 |
Средно |
5,345 |
1,248 |
23,34 |
Според официјалните податоци од програмите за поддршка на земјоделството во овој период од 2007 до 2019 година (13 години) со програмите биле планирани над 69 милијарди денари. Неисплаќање на планираните средства согласно Програмите започнало веднаш со релативно мали суми и со многу ниско учество (во проценти) во однос на планираната сума, но со зголемување на сумите за поддршка растел и процентот на неисплатени средства во соодветната година.
Со оглед на релативно изедначен асортиман на годишните производства кај земјоделците и потребата за извесни производства исплатата да се одложува за следната година, која не би требало да биде повисока од 10-15% од годишната планирана поддршка што е и остварено од 2010 до 2015 година, иако во тие години веќе годишната планирана сума достигнала средна вредност од 6-6,9 милијарди денари. Нагло зголемување на долгот е направено во 2016 година од 2,9 милијарди денари.
Затоа никако не е оправдана воведената пракса, Државата (преку лицето на платежната агенција) да им исплаќа средства откако производството завршило во претходната година, а кога земјоделците имаат потреба да набавуваат репродукциони материјали, организирање на производството, евентуална побербена обработка и др, да не можат да дојдат до финансиски средства и ако се тие веќе извадени од Буџетот на Државата.
Одговор на прашањето од насловот гласи: на 01.01.2019 година, Државата на земјоделците им должела 283 милијарди денари, што претставува 46,09 % од планираната сума за поддршка во износ од 6,139 милијарди денари.
Проф.Д-р. Борис Анакиев* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.