06 Декември, 2025
0.0292

Колку граѓани се откажале од македонското државјанство за една деценија?

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Нешто повеќе од 14.000 граѓани во рок од една деценија се откажале од македонско државјанство за да се стекнат со државјанство на друга земја.

Од 2010 заклучно со 2020, на годишно ниво во просек од македонско државјанство се откажувале од 1.000 до 1.500 луѓе.  Во 2018 година најголем број граѓани се откажале, односно 1.621.

„Согласно Законот за државјанството на Република Северна Македонија во 2010 година  1.105 лица добиле отпуст од државјанство на Република Северна Македонија,  во 2011 година  1.063 лица добиле отпуст, во 2012 година  1.104 лица, во 2013 година  1.215,  во 2014 година  1.199 лица. Во текот на 2015 година 1.201 лице добило отпуст од државјанство на Република Северна Македонија, во 2016 година 1.476 лица, во 2017 година 1.526 лица, во 2018 година 1.621 лице, во 2019 година 1.326 лица и во 2020 година 1.240 лица добиле отпуст од државјанство на Република Северна Македонија. Државјаните на Република Северна  Македонија добиваат отпуст од државјанство со цел да се стекнат со државјанство на друга држава која  предвидела согласно со нивното национално законодавство, поседување само на едно државјанство“, одговараат од МВР.

Социологот Милева Ѓуровска вели дека овие бројки не се драматични и дека секоја држава си го уредува начинот на кој доделува државјанства.

„Тие бројки не се алармантни. Луѓето се иселиле, и се откажале од македонско државјанство за да стекнат друго државјанство. Тоа било услов и сметам дека никој не би се откажал од државјанство доколку тоа не било така, едноставно тоа е во прородата на човекот. Има држави кои тешко даваат државјанства, имаат критериуми, и не дозволуваат поседување на двојно државјанство. Сметам дека и Македонија треба да размислува во таа насока, да не дозволува поседување на повеќе од едно државјанство“, рече Ѓуровска.

Различни земји имаат различни правила за стекнување државјанство. Некои дозволуваат поседување два или три пасоши.  Германија е земја која инсистира на речиси ексклузивно државјанство. Странец по правило може да стане Германец ако се откаже или го загуби своето дотогашно државјанство. Последниве години голем број наши граѓани заминуваат во Германија, поради добриот стандард и можност за подобар живот. На први јануари 2019 година во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани, објави Евростат. Во Швајцарија во истиот период имало 66.629 наши државјани. Зад неа е Италија, каде што се регистрирани 63.561 македонски државјани.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?