Колку гризе државата од нафтениот колач?
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2017
Цената на нафтените деривати кај нас не се одредува пазарно туку според методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД „Окта“ Скопје на грчката нафтена компанија „Хеленик петролеум“, која ќе се применува до 2019 година. Основа за формирање на цените на бензинот и на другите деривати се просечната цената на суровата нафта од типот „брент“ на светските берзи во последните две недели, како и на курсот на доларот во однос на денарот во истиот период.
Во цената на бензините влегува и дел кој оди во државната каса, преку разни давачки, даноци и акцизи,со кои загризува во нафтениот колач.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 30 октомври, највисоката производствената цена за безоловниот бензин ЕС-95 е 27,61 денари за литар, за ЕС-98 е 29,14 денари, а за дизел 27,55 денари.
На оваа се додава трговска маржа од 3,2 денари за литар гориво. Акцизата безоловниот бензин ЕС- 95 изнесува за 21,95 денари за литар, за ЕС- 98 е 21,69 денари, а за дизел горивото се плаќа по 12,48 денари за литар. На секој продаден литар безоловен бензин се плаќа по 0,08 денари на име надоместокот за животната средина и 0,03 денари за дизел.
Државата наплаќа и надоместок за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати од 0,89 денари за литар безоловен бензин и 0,30 ден за дизел. На крајот се додава Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 отсто, кој исто така завршува во државната каса.
во денари извор: РКЕ
(М.Б.)