КОЛКУ И КАДЕ: Минималната плата во ЕУ варира помеѓу 215 евра и 1 923 евра
Објавено во: Економија 17 Август, 2016 21:08
Од 1 јануари 2016 година минималната плата во ЕУ варира - од 215 евра до 1 923 евра, станува јасно од последната статистика на Евростат. Агенцијата забележува дека во моментот во 22 земји од заедницата имаaт воведена минимална плата. Исклучок прават Данска, Шведска, Италија, Кипар, Австрија и Финска.
Од објавените податоци се гледа дека најниска минимална плата во ЕУ има во Бугарија, а највисока - во Луксембург.
Во Грција минималната плата е во износ од 683 евра месечно или околу 50% од просечната плата. Година порано, сепак таа беше над 700 евра, додека во Бугарија има раст - од 184 евра до 215 евра.
Во некои земји од ЕУ нема фиксна минимална плата, но има минимално часовно плаќање - Германија, Ирска, Франција, Малта и други. Кај нив статистичката служба ја пресметува месечната плата врз основа на бројот на часови во официјалната работна недела, станува јасно уште од методолошки описи кон статистиката.
Во Кипар има административно одредена минимална плата, но таа се користи за специфични пресметки на владата.
Во меѓувреме новата студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот и вработувањето кон германската Сојузна агенција за вработување (IAB) покажува дека придружената со големи сомнежи воведена минимална работна плата во Германија во многу ретки случаи доведе до вишок на вработени. Во анкетата на институтот едвај 4,7 отсто од менаџерите на компании признале дека како реакција на оваа новина требало да го намалат бројот на вработени.
2,4 отсто признаваат дека имале такви планови. Ако сепак требало да се намали персоналот, тоа се случувало главно преку воздржување при новите вработувања. 10,4 отсто од фирмите појаснуваат дека се воздржуваат да земат нови вработени, а 5,3 отсто немале такви планови.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




