КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2024 07:00
По најавите за поскапување на електричната енергија, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека е донесена одлука на Владата со која ЕСМ би му понудил на ЕВН количини на електрична енергија по цена од 60 евра за мегават час. ЕСМ ќе може да обезбеди 85 проценти од потребите на универзалниот снабдувач, вклучувајќи ги домаќинствата.
На цената ќе влијае и профитната маржа, која од 1 јули ќе биде 9,9 наместо досегашните 11,5 проценти.
„РКЕ никогаш до сега не дозволи да има ценовни шокови, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање за да нема ценовен шок. Треба да почекаме да заврши тендерот за набавка на електрична енергија на 21 јуни и ЕВН хоум да ги достави пресметките за цената на електричната енергија на контрола во РКЕ за да видиме колкава ќе биде цената“, рече Бислимоски.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




