Колку кластери на коронавирусот има во Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Во Македонија има 40 кластери на коронавирусот, а дури 20 од нив се во Скопје.
Овие кластери се од настаните по 24 мај кога беа олабавени рестриктивните мерки и беа отворени угостителските објекти. Голем број од заболените не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација.
Денес повторно имаме црн биланс.
Починаа 6, а заразени се 182 луѓе во рок од 24 часа.
Оздравени се 33 пациенти во текот на последното деноноќие.
Најголемо жариште е скопската општина Чаир, каде има 336 инфицирани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.