08 Април, 2025
0.0319

Колку Македонија ќе ја „чини“ кинескиот кредит од една милијарда?

Објавено во: Економија 04 Мај, 2022 10:11

Добивај вести на Viber

Кинески кредити од 10 милијарди евра за мега инфраструктурни проекти на Западен Балкан. Годишни грантови од 1 до 2 милиони евра. Кина во последните години е се поприсутна во регионот, финансирајќи проекти за кои најчесто нема интерес кај западните банки. Но, нејзиното присуство значи и зголемени ризици при усогласување на одлуките на Македонија и останатите земји со позициите на НАТО и ЕУ, особено во моменти на спротиставени интереси.

За значењето на кинеските кредити и развојната помош, разговараме со Ана Крстиновска, експерт за односите меѓу Кина, ЕУ и Западен Балкан, автор на анализата „Помош на Кина во Западен Балкан: Поддршка на развојот, поткопување на доброто владеење“.

Развојната помош е една од алатките за исполнување на дипломатските, геополитичките и економските интереси на Кина. Но, немањето услови за подобрување на стандардите и реформи во владеењето ги прави различни од развојните средства на западните фондови.

Кој од регионот најмногу „троши“ кинески кредити?

Македонија, Србија, Црна Гора и Бих се земјите од регионот со најголема искористеност на т.н. кинески кредити за мега-инфраструктурни проекти. Кај нас со години се гради автопатот Кичево-Охрид кој е во должина од 50 километри, а чија вредност (заедно со автопатот Миладиновци-Штип) веќе достигнува една милијарда евра. Истовремено земјава искористила околу 30 милиони евра неповратни средства од Кина преку грантови во последните 20 години.

Албанија има „нула“ кредити земено од Кина, и само 10 милиони евра добиено преку грантови. Црна Гора исто како и нас „должи“ речиси една милијарда евра на кинеската ЕКСИМ банка, а Босна и Херцеговина има кредит од 1,3 милијарди евра. Најмногу средства се одлеваат во Србија. Над 35 милиони евра доделени како грантови и речиси осум милијарди евра преку кредити за развојни проекти.

Според Крстиновска, кинеската развојна помош во голема мера наликува на помошта која западните донатори ја доделуваа за Западен Балкан пред 10-15 години, но разликата е во тоа што кредитите се понеповолни од западните финансиски институции кои вклучуваат извесен процент неповратни средства.

Вистинска цена на кинеските донации

„Кинеската развојна помош за Македонија се доделува во вид на грантови и преференцијални кредити. Грантовите се доделуваат на редовна основа преку потпишување „Договори за економско-техничка соработка“ и изнесуваат во просек околу 1,6 милиони евра годишно, односно 33,4 милиони евра за периодот 2000-2020 година. Преференцијалните кредити се доделуваат за реализација на проекти на барање на државата - корисник, односно во случајот на Македонија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, чија вкупна вредност изнесува над 900 милиони евра“, вели Ана Крстиновска.

Кредитот од Ексим Банка кој достигна над 900 милиони евра за изградба на делниците Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид може да влијае врз носењето одлуки на македонската влада и односите со Кина.

„Проектот за изградба на автопатиштата се смета од двете страни за еднo од клучните достигнувања во меѓусебната соработка и показател за интензитетот на пријателските односи. Сепак, во ситуација кога отплатата на кредитот е на почеток, а јавниот долг надмина 60 отсто од БДП, кредитот ја става Македонија во асиметрична положба“, смета Крстиновска.

Кина може еднострано да го раскине договорот од политички или дипломатски причини, да побара предвремена исплата на долгот и во случај на спор надлежен орган ќе биде Кинеската меѓународна арбитражна комисија за трговија и економија. Така потенцијалниот спор може да биде пристрасен, необјективен и најверојатно неповолен за државата корисник на кредитот.

Кина, НАТО и ЕУ – Како ќе функционираме?

Во состојба на зголемени тензии меѓу Кина и повеќе западни држави, вклучително и ЕУ, ваквата поставеност има влијание врз потенцијалните одлуки Македонија да се усогласи со позициите на ЕУ и НАТО по различни прашања поврзани со Кина, што претставува обврска од евроинтегративниот процес и членството во НАТО.

„Кина досега со ништо не покажала дека е против Македонија да стане дел од ЕУ. Напротив, самиот факт дека членството подразбира поголема стабилност за економски операции, инвестиции, пристап до единствениот европски пазар, понатаму и во Шенген и Еврозоната е во основа во кинески интерес. Од друга страна, во последните години како што НАТО покажува поголема загриженост за кинеското глобално влијание и како што повеќе членки, вклучително и ЕУ и САД, го зголемуваат интересот и активноста во индо-пацифичкиот регион, Кина станува сè понепријателски настроена кон Алијансата“, оценува Крстиновска.

Ваквиот „анимозитет“ се покажа и со војната во Украина за којашто Кина го обвинува НАТО. Тоа директно ја засега и Македонија како членка која има обврска да се усогласи со позициите и да учествува во активностите на Алијансата.

„Слабоста“ на кинеската развојна помош

Главните недостатоци на развојната помош од Кина лежат најчесто во склучување договори без отворена и конкурентна постапка, односно со усвојување посебни закони, што од една страна значи прекршување на националното законодавство кое во голема мера е усогласено со правилата на ЕУ за јавни набавки и отвора простор за потенцијални коруптивни практики.

Кина сѐ уште нема воспоставено систем на проектно менаџирање, надзор и евалуација за донираните или позајмените средства и за разлика од западните донатори кои сè повеќе развојната помош ја врзуваат со исполнување на реформи насочени кон демократизација, одржлив развој и пазарна економија и наметнуваат строги услови во врска со изборот и подготовката на проектите кои ќе се финансираат.

„Кинеската развојна помош не наметнува такви услови, што им овозможува на државите кориснички политички да одлучуваат за изборот на проекти и некогаш да ги насочат средствата кон проекти кои не се одржливи или „зрели“, односно немаат целосна и соодветна документација. Додека тоа овозможува реализацијата на проектите да започне побрзо, неретко води кон проблеми, дополнителни трошоци и одолговлекувања во спроведувањето на проектите, како што видовме меѓу другото и преку примерот на автопатот Кичево-Охрид“, заклучува Крстиновска.

Кина не се меша во изборот на проектите, но без исклучок секогаш го задржува правото на избор на изведувач, и тоа секогаш е кинеска компанија. Проблемите со изведбата и јавниот долг на крајот се и на товар на граѓаните како даночни обврзници. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - еве како ќе растат пензиите во Хрватска

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - еве како ќе растат пензиите во Хрватска

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП УТРЕ ДЕФИНИТИВНО СТАПУВААТ НА СИЛА, СО 50 ЗЕМЈИ СЕ ПРЕГОВАРА - но исходот нема да се чека

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП УТРЕ ДЕФИНИТИВНО СТАПУВААТ НА СИЛА, СО 50 ЗЕМЈИ СЕ ПРЕГОВАРА - но исходот нема да се чека

МИНИСТЕР НА ТРАМП РЕЧЕ ДЕКА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“ НИКОГАШ НЕМА ДА ПАДНАТ ПОД 235 ДОЛАРИ. НО ПАДНАА - еве што ја мачи компанијата и зошто во прашање е и Маск

МИНИСТЕР НА ТРАМП РЕЧЕ ДЕКА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“ НИКОГАШ НЕМА ДА ПАДНАТ ПОД 235 ДОЛАРИ. НО ПАДНАА - еве што ја мачи компанијата и зошто во прашање е и Маск

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални

„КУПЕТЕ ЕНЕРГИЈА ОД 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЌЕ ДОБИЕТЕ ТАРИФНИ ОЛЕСНУВАЊА“: Трамп ја отфрли понудата на ЕУ

„КУПЕТЕ ЕНЕРГИЈА ОД 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЌЕ ДОБИЕТЕ ТАРИФНИ ОЛЕСНУВАЊА“: Трамп ја отфрли понудата на ЕУ

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ - еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ - еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра