20 Декември, 2025
0.0446

Колку милијарди евра ќе добие Русија oд приватизацијата на „Роснефт“?

Објавено во: Економија, Свет 02 Септември, 2016 18:53

Добивај вести на Viber

Русија ќе продаде една петтина од државната компанија "Роснефт", а приватизацијата може да се случи до крајот на годината. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американската агенција "Блумберг".

Продажбата на делови во износ од 19,5% ќе се случи во 2016 година, ако бидат пронајдени "соодветни стратешки инвеститори". Продажната цена може да достигне сума од 11 милијарди долари, а цел на договорот е Владата да го пополни буџетскиот дефицит.

Продажбата на дел во "Роснефт" е втората таква откако пред тоа властите во Москва објавија дека ставаат во промет 50,8% од помалиот производител на нафта "Башнефт". Купување на делови во компанијата сепак беше одложено поради споровите околу потенцијалните купувачи.

Според зборовите на Путин продажбата на "Роснефт" ја покажува одлуката на Русија да ја намали улогата на државата во економијата на земјата. "Руската влада нема потреба да држи такви големи удели и ние сме посветени на реализација на нашите планови", посочи Путин, додавајќи дека продажбата нема да се оствари по секоја цена. Наместо тоа ќе се бара максимална можна добивка за руската економија.

Во своето интервју рускиот претседател посочи дека би сакал ОПЕК и Русија, кои вкупно произведуваат половина од нафтата во светот, да постигнат договор за замрзнување на родот на "црното злато". "Од гледна точка на економскиот разум и логика би било правилно да постигнеме некаков вид компромис", рече шефот на државата. "Уверен сум дека сите го разбираат тоа. Ние веруваме дека ова е вистинското решение за светската енергетика ", додаде тој.

Претседателот, исто така, рече дека и покрај неуспехот на нафтените преговори со Иран во април, земјите сфаќаат дека Техеран треба да добие дозвола да го зголеми своето производство и да се врати на светскиот пазар по соборувањето на меѓународните санкции. Путин исто така, посочи дека е можно да препорача спроведување на овој план за време на средбата со саудискиот претставник принцот Мохамед бин Салман на средбата на Г-20 во Кина следната недела.

Русија се потпира во голема мера на нафтата и природниот гас, а енергетските извори сочинуваат речиси 40% од приходите во буџетот. По падот на цените на суровата нафта под 50 долари за барел, поради воените и други трошоци владата се обидува да најде начини за олеснување на товарот на буџетот пред парламентарните избори кон крајот на оваа година и претседателските избори во 2018 година, пишува уште "Блумберг" .

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба