28 Април, 2024
0.0262

Колку навистина чини државното задолжување?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска се издава државна обврзница со рок на отплата од 15 години, со 3 отсто камата и во износ од 110 милиони денари. Тоа значи дека на 21 јуни 2033 година државата ќе врати главница од 110 милиони денари и камата од 3,3 милиони денари. До тогаш секоја година на 21 јуни државата ќе враќа по 3,3 милиони денари. Кога ќе се удри црта на 21 јуни 2033 година државата т.е. граѓаните даночни обврзници платиле камата од 49,5 милиони денари и главница од 110 милиони денари или вкупно 159,5 милиони денари или 45 отсто повеќе пари од тие што ги позајмија денеска

Колку пари всушност треба да вратат буџетските обврзници, односно сите ние што плаќаме даноци на државата, за секоја нова аукција на државни обврзници? 

Информацијата што најчесто или речиси секогаш ја примаме од медиумите во врска со аукциите на државни записи и обврзници се сведува на сумата што ќе се задолжи, на рокот на отплата и на каматната стапка што треба да се врати. И толку.

Но дали знаевте дека кај државните обврзници (издадени со рок на враќање на пет, десет, петнаесет, триесет години) целата главница се враќа на крајот на рокот на отплата, а камата се плаќа еднаш годишно во секоја од годините? 

На пример, додека го читате овој текст Народната банка на Македонија организира аукција на државни обврзници со рок на отплата од 15 години. Тоа значи дека денеска од 11 до 12 часот се примаат понудите, а до 13:30 часот се завршува процесот на аукција. Понудувачите се должи парите да ги уплатат на 21 јуни годинава. Нивните пари односно главницата на долгот држата ќе ги врати на 21 јуни 2033 година.

Државата на оваа аукција ќе се задолжи со 110 милиони денари со камата од 3 отсто на главницата и парите ќе ги врати за 15 години односно во 2033 година. Уште еднаш, заемодавачите своите пари ќе ги добијат на 21 јуни 2033 година, а секоја година почнувајќи од 2019 година па до 2033 година на 21 јуни ќе добиваат по 3 отсто камата.

Ова значи дека на позајмените 110 милиони денари, државата ќе врати 49,5 милиони денари камата! Тоа е 45 отсто од главницата. Значи на секој 21 јуни почнувајќи од вгодина па до 2033 година државата ќе плаќа по 3,3 милиони денари камата на главницата од 110 милиони денари. За 15 години државата ќе врати вкупно 49,5 милиони денари камати. Тоа значи дека на 21 јуни 2033 година за долгот од 110 милиони денари што ќе го задолжи утре државата ќе врати на своите кредитори 159,5 милиони денари односно 45 отсто повеќе од тоа што го позајмила.

Е тоа е реалната цена на државното задолжување. А долгот ќе го вратат граѓаните на Република Македонија преку даноците што ги плаќаат.

Целосна информација за структурата на државниот долг во обврзници и во записи можете да добиете на интернет страницата на Министерството за финансии www.finance.gov.mk во модулот „Податоци“ и на линкот „Реализирани аукции на ДХВ“

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност