05 Декември, 2025
0.1764

Колку навистина се исплаќа да си фудбалски менаџер?

Објавено во: Стил 17 Април, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Голем удел во трасверите на играчите во 2012-та година имаа фудбалските менаџери, поради што заработија многу повеќе од порано, иако пазарната вредност беше многу помала од претходно. 164 милиони долари земале претставниците на фидбалерите од клубовите или во просек 28 проценти од трансферите што е за 33 милиони повеќе од пред една година. Вредноста на пазарот опадна за 290 милиони долар, покажува истражувањето кое го објави ФИФА. Според  годишната анкета забележани се  договорите чија вкупна вредност изнесуваше 2.53 милијарди долари. Клубовите од 200 земји мораат да користат интернет платформа во која мораат да ги внесат сите плаќања кога играчите ги менуваат средините, без разлика дали е во прашање обештетување, позајмица или слободен трансфер. Најмногу потрошиле англиските клубови , а ФИФА забележала дека агентите во меѓународните трансфери земале 59 милиони долари. Италијанските клубови на менаџерите им дале 41 милиони долари, додека руските 23 милиони долари. Посредниците земале и пари и од трансферите на играчи кои системот на ФИФА не ги бележи. Објавата на ФИФА за тоа колку агентите заработуваат следуваше веднаш откако светската куќа на фудбалот во јануари најави дека е подготвена да им помогне на клубовите да се ослободат од менаџерите и да тие да прават договори директно меѓу себе. За таа цел се развива интернет систем кој е наречен „Global Player Exchange“ кој би требало да им помогне на клубовите да имаат информации за тоа кои играчи се наоѓаат на пазарот и се слободни за ангажирање. Во 2012-та година на претставниците на играчите им беше платена провизија од 706 меѓународни трансфери, што е за 19 проценти повеќе во однос на една година претходно. Приходите на менаџерите пораснаа, иако ФИФА забележи пад на вредностите од 10 проценти на меѓународните трансфери.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: