Колку не чини саемското претставување на ЕКСПО: Лани потрошени 168 илјади, за во Белград ќе се дадат 1,7 милиони евра
Објавено во: Економија 11 Јули, 2025 08:10
Сумата за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО нагло пораснала – Ако за претставувањето во Токио во 2025 година биле потрошени 168 илјади евра, за истото во 2027 година во Белград ќе бидат дадени 1,7 милиони евра.
Тендерот за претставување на Македонија на ЕКСПО 2027 во Белград го доби Јавна соба, додека за ЕКСПО 2025 во Токио, најниската сума ја понудила фирмата Бокс Дигитал. И на едниот и на другиот договор, стои потписот на генералниот секретар на владата, Игор Јанушев.
Според договорот, парите ќе се трошат на повеќе ставки, меѓу кои и изработка на лого за државата да се претстави на ЕКСПО, што ќе ја чини државата над 1000 евра. Изработката на сценарио и сториборди за спотови и креативен концепт ќе чини над 3200 евра, а веб страницата на македонски и англиски јазик, која ќе биде ажурирана само за време на ЕКСПО во Белград, ќе чини над 4800 евра. За три видови на флаери – испечатени на осум страни и во не помалку од 500 парчиња, ќе бидат потрошени 6500 евра, исто колку и изнајмување на техничка опрема, технички персонал и техничко лице за ракување со опремата.
Учество во ЕКСПО, меѓународната изложба каде што држави од целиот свет ќе ги претстават своите достигнувања, култура, иновации и визии за иднината пред милионска глобална публика, досега пријавиле 114 држави.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




