15 Декември, 2025
0.0283

Колку од бездомниците во земјава успеваат да најдат работа и да си го средат животот?

Објавено во: Економија 15 Август, 2023 07:35

Добивај вести на Viber

Мал дел од бездомните лица во Македонија успеваат да се вработат, да најдат сместување под кирија и полека да си го средуваат животот.

Оние кои ќе успеат да најдат работа, обично чистат, работат на градилишта, ги ангажираат како општи работници и слично. Доц. Д-р Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници при Црвен крст-Момин Поток вели дека им пружаат помош за да успеат да најдат работа.

„Од страна на стручниот тим од Пунктот за бездомници се прави првична проценка на потребата за вработување, која е неговата намера, кои се неговите работни способности и квалитети, се анализираат неговите претходни работни искуства кои многу значат за следното вработување, како и желбата дека сака да смени нешто ново и да излезе од состојбата на статус кво. Со оваа проценка на личниот развој и потреби кај бездомното лице, стручниот тим одблиску ја добива целосната слика за тоа колку едно бездомно лице вистински сака да работи, и сака да си го смени животот на подобро. Во однос на типот на работни позиции за кои бездомните лица изразуваат интерес, најчесто тоа се хигиеничари на станбени згради, канцелариски простор, работници во паркови и зеленила, комунална хигиена, во секторот за обезбедување на лица и имоти (чувари), во градежништво како сезонски работници, работници за физичка работа (селидби), продавачи на уличен магазин, како и келнери и готвачи во угостителскиот бизнис“, вели Лазаревска.

Доколку  бездомникот успее да најде работа, најпогодно е да изнајми соба за да може да ги плаќа трошоците за кирија.

„Една од заложбите на стручниот тим од Пунктот за бездомници е и изнаоѓање на соодветен простор најчесто соба под кирија, заради тоа што апартманите и становите во градот Скопје се доста поскапи и бездомните лица би биле во состојба целата плата да ја дадат за рентање на апартманот или станот во кој би живееле. Фактичката состојба во градот Скопје е дека цените за изнајмување на соба под кирија за месец дена варираат од 3.000 до 6.000 денари. Оваа сума е возможно да се плаќа редовно од страна на бездомните лица кои се вработени, прво заради тоа што не е прескапо и можат да си дозволат, и второ што според кажувањата на овие лица им е доволен простор за мирен и спокоен живот. Стручниот тим од Пунктот за бездомници согласно промените кои настануваат во законите за работни односи, секогаш имаат намера бездомните лица да ги поддржат во изнаоѓање на платена работа која ќе им гарантира минимална плата, со статус на пријавено и осигурано лице“, објаснува Лазаревска.

Вели дека бездомниците во градот Скопје се категорија на лица кои се социјално загрозени и ранливи, лица кои долг временски период од својот живот се на маргините на општественото живеење, лица кои заради непознавање и неинформираност за сопствените права за достоинствен живот, не можат да ги задоволат егзистенцијалните потреби, а уште помалку потребата да работат и бидат корисни и продуктивни битија.

„Оваа сива слика за постоењето на оваа целна група на лица, во изминатите 15 години колоритна ја прави постоењето на единствениот Пункт за бездомници во градот Скопје при Црвен крст, кој со својот стручен кадар, професионално пристапува на овие горливи работнички прашања. Мал е процентот на бездомници кои самостојно се вработиле и задржале подолг период во компанијата или фирмата во која биле примени. Оваа состојба се надминува кога во нивниот живот и желба за работа се инволвира и мултидисциплинарниот тим од Пунктот со асистенција, помош и поддршка во пронаоѓање на адекватно работно место кое ќе одговара со афинитетите, квалитетите, знаењата, вештините и способностите на самото бездомно лице“, рече Лазаревска.

Агенцијата за вработување се ангажира за поголема вработеност на различни групи граѓани и оттаму побаравме одговор дали има бездомници кои пронашле работа.

„Бездомните лица се предвидени во годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување како целна група во мерката за субвенционирано вработување. Досега немаат учествувано во мерката“, велат од Агенцијата за вработување.

Лазаревска кажа дека тие опслужуваат околу 170 бездомници, но неофицијално се смета дека во Скопје има околу 500 бездомни лица. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година