Колку од лицата кои се во изолација ќе гласаат?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Јули, 2020
Мал е бројот на лица во изолација кои се пријавиле за гласање на изборите на 15 јули.
Иако 5.000 луѓе кои се во самоизолација или се позитивни на коронавирусот, само 742 се пријавиле во Државната изборна комисија да гласаат в понеделник.
Конечната бројка ќе се знае утре, затоа што барањата треба да се разгледаат.
Најголем интерес за гласање има во Тетово, Ресен, Струга и Кичево.
Од општините во главниот град, најмногу се пријавиле од Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
Од 21 општина нема пристигнато ниту едно барање за гласање на 13 јули.
За вторник се пријавиле 9.465 болни и изнемоштени лица чие гласање се задолжени редовните избирачки одбори.
Завчера имаше само десетина пријавени од лицата кои се во изолација.
Инаку, 15 јули, денот на изборите е неработен ден.На изборите на 15 јули своето избирачко право ќе можат да го искористат 1.814.263 милион граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.