06 Декември, 2025
0.0352

Колку пари Бил Гејтс ќе им остави во наследство на своите деца

Објавено во: Стил 22 Март, 2014 14:00

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел од богатството Бил и Мелинда Гејтс кое изнесува 76 милијарди долари имаат намера, да го дадат во хуманитарни цели, а не како наследство на своите деца. Гејтс и неговата сопруга Мелинда за време на говор на TED конференцијата во Ванкувер рекоа дека, наместо пари, на своите две ќерки и синот им овозможиле добро образование, за да научат да се потпрат на своите способности, а не на богатството на своите родители. -Имате доволно пари, и покрај вашите огромни донации во хуманитарни цели, своите деца да ги направите милијардери“, рече организаторот на конференцијата Крис Андерсон, на што Бил Гејтс му одговори: -Тие нема да имаат ништо што наликува на тоа. Мораат да имаат чувство дека нивната сопствена работа е важна и дека има смисла. Морате да се погрижите да имаат чувство за сопствена способност и да знаат што сакаат да работат“. -Сакавме да постигнеме рамнотежа, така што ќе имаат слобода да направат што и да сакаат, но да немаат толку пари за да можат да не работат ништо“, заклучи Гејтс. Одлуката за начинот на воспитување и образование на своите деца, брачниот пар  ја донеле пред да се венчаат, инспирирани од една статија на американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: