27 Април, 2024
0.0276

Колку пари чува „Македонијатурист“ по банки и фондови?

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Над 20 милиони евра во депозити и вложувања во акции и обврзници дале  принос од 700.000 евра од камати и дивиденди за лани. Овие приходи на „Македонијатурист“ лани создале 35 отсто од нејзината годишна добивка

Најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“ е голем инвеститор на македонскиот пазар на капитал, покажуваат податоците од најновиот финансиски извештај на таа компанија за 2017 година. Вкупните краткорочни вложувања на „Македонијатурист“ на крајот на 2017 година биле 1,286 милијарди денари односно 20,8 милиони евра кои се вложени во депозити или во хартии од вредност или дадени на управување на фондови. Овој податок покажува дека најголемата македонска хотелиерска компанија е голем инвеститор на македонскиот пазар на капитал.

Колку добила од камати и дивиденди „Македонијатурист“?

Податоците од паричните текови за 2017 година на „Македонијатурист“ покажуваат дека лани компанијата од дивиденди од акции и од камати остварила приходи од вкупно 42,4 милиони денари односно 700.000 евра од камати и дивиденди.  Само за споредба, оперативната добивка на „Македонијатурист“ лани изнесувала 77,5 милиони денари, а приходите од камати и дивиденди 42,4 милиони денари. По ова може и сами да процените колку се важни финансиските приходи за „Македонијатурист“.

Податоците покажуваат дека приливот од камати во 2017 година е 34,34 милиони денари односно околу 556.000 евра. Во споредба со 2016 година тие бележат минимален раст. Приходите од дивиденди лани достигнаа 8,11 милиони денари односно 131.300 евра и во споредба со 2016 година бележат раст од 24 отсто. Овој податок укажува на тоа дека стратегијата на „Македонијатурист“ да вложува во акции и обврзници дава резултат затоа што нејзиниот приход од таа дејност пораснал за 1,6 милиони денари. Од достапните податоци произлегува дека падот на оперативната добивка компанијата во одредена мерка го компензира со вложувања во хартии од вредност и во обврзници, покажуваат податоците од финансиските извештаи.

Како лани работела „Македонијатурист“?

Податоците за работењето од билансите на успех и на состојба покажуваат дека речиси и да немало разлика во работата на компанијата во 2016 година и лани освен падот на оперативната добивка. Приходите од продажба лани изнесуваат 307,8 милиони денари што е речиси 5 милиони евра за цела година работа. Во споредба со 2016 година овој приход е понизок за само 10.000 евра. Оперативните расходи лани изнесуваат 237,34 милиони денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 2,6 милиони денари. Кај сите расходни ставки нема значајни промени во однос на 2016 година. Разликата во нивоата на оперативна добивка за 2016 година и за лани е всушност во најголема мерка разлика во износите на останати оперативни приходи кои во 2016 година беа над 10 милиони денари (заради продажбата на ресторанот „Македонија“ објект на автопатот Скопје – Велес), а лани биле 4 милиони денари. Заради зголемени расходи кај неколку ставки меѓу кои се: останатите финансиски расходи, обезвреднувањето на нетековни средства и останатите расходи од работење компанијата лани имала добивка од редовното работење во износ од 119,7 милиони денари што е за 11 милиони денари помалку од 2016 година. Нето добивката за лани е 109,95 милиони денари

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност