Колку пари донесе „Лидл“ досега во Македонија?
Објавено во: Економија 04 Април, 2024 14:13
Во јануари во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, започна изградбата на логистички и дистрибутивен центар на германската компанија „Лидл“. Комплексот се простира на 170 хектари, а самиот објект ќе биде со површина од 64.000 метри квадратни. Инвестицијата е вредна 80 милони евра и ќе се отварат нови 150 работни места. Рубријан Хаџиев, генералниот директор на „Лидл“ во Македонија, тогаш кажа дека тимот на овој продажен синџир во нашата земја веќе брои 100 вработени.
Беше посочено дека синџирот маркети ќе откупува и земјоделски и кондиторски производи од нашето поднебје и ќе ги продава во своите маркети во земјава, но и во останатите продавници во соседството. Освен што овие пари се чиста инвестиција во земјата, компанијата нема да користи државни субвенции, а од „Лидл“ се очекува да понуди и пониски цени и да даде поголеми плати за вработените во малопродажбата.
Од она што е познато, „Лидл“ веке купи парцели и постоечки објекти во Скопје, на местото на поранешен „Бриколаж“ и Момин Поток, како и во Битола, а медиуми во меѓувреме објавија дека е купен недвижен имот и во Кавадарци. Зборувано е и со градоначалниците на Штип и на Кисела Вода, а неофицијално се споменуваше и Охрид. Првите маркети треба да ги отворат вратите во 2025.
„Лидл“ веќе има изградено реноме меѓу македонските граѓани, кои неизбежно ги посетуваат нивните маркети во соседните земји кога патуваат таму, а во последниве месеци зачестија и патувањата на наши сограѓани во соседството каде има нивни продавници токму со намера да „испазарат“ во „Лидл“.
Меѓународниот синџир на маркети „Лидл“ има 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, а вработува над 300 илјади луѓе во светот.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




