20 Декември, 2025
0.0376

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2020 07:05

Добивај вести на Viber

Пет компании доминираат на македонскиот пазар за очила за сонце. Меѓу сопствениците тројца мажи и две жени. Една компанија прави приход поголем од 1,5 милиони евра, а две се близу до еден милион евра и две прават повеќе од половина милион евра. Три од пет компании повеќе од 10 отсто од приходот останува како добивка

Очила за сонце – најпосакуваниот моден детаљ. Класични, модерни, темни, рефлетирачки, шарени, црни или во боја. Ги сака секој без исклучок и ги купува секој. Очилата за сонце се високо рангиран светски бизнис затоа што производителите имаат пазар што се мери во милијарди корисници. Ги има за секаков вкус и за сечиј џеб. Најпознати светски производители на очила за сонце кои воедно ги поседуваат или управуваат најпознатите брендови очила се: неодминливата „Луксотика“, „Марколин“, „Ејнар“ и „Сафило“. Тие произведуваат, контролираат, дистрибуирааат и продаваат над 70 отсто од очилата за сонце на светско ниво.

И Македонија не е исклучок од светските текови и модните трендови. Неколку домашни фирми ги застапуваат локално светските производители и продаваат очила за сонце. Анализата на „Фактор“ покажа дека во овој бизнис се вратат неколку милиони евра годишно.

Од големите продавачи и дистрибутери на домашниот пазар во 2018 година најголеми приходи остварила скопската компанија Глори ГБ . Таа фирма увезува и продава очила за сонце и во 2018 година остварила 1,7 милиони евра приход и остварила добивка од 455.000 евра. Фирмата е регистрирана за неспецијализирана трговија на големо, а е во сопственост на Тања Трајковска.

Втор според остварениот приход е македонскиот застапник на производителот „Луксотика“ во чиј продажен лагер е и светски прочуениот „Реј Бан“. Скопската компанија Јасон чиј сопственик е српскиот државјанин Бошко Мрѓен во 2018 година остварила приход од 867.000 евра и годината ја завршила со добивка од 2.700 евра. Нејзниот конкурент ВТ Компани, сопственост на Виолета Ташкова единствена жена сопственик во ова друштво, во 2018 година остварила приход од 804.000 евра и добивка од 117.000 евра.

Во големата петорка на македонскиот пазар се уште скопските компании Гросс Оптик и Ленс Мак. Првата од двете фирми во 2018 година остварила приход од 654.000 евра и годината ја завршила со добивка од 72.000 евра. Оваа фирма е сопственост на Милан Старчевиќ. Другата компанија остварила приход од 529.000 евра, а годината ја завршила со добивка од 49.000 евра. Таа фирма е во сопственост на Сашо Таневски.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба