19 Мај, 2024
0.0263

Колку пари испратија лани Македонците кои работат во ЕУ?

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани кои живеат и работат во Европската унија лани им испратиле 194 милиони евра на своите роднини во земјава, покажуваат последните податоци на Евростат за одливот по основ на лични трансфери од земјите- членки во други држава. Анализата на износите во овој извештај на европската статистичка служба открива дека македонските иселеници или се поскржави или многу помалку заработуваат во споредба со печалбарите од соседните земји, па и затоа испраќаат многу помалку пари во родниот крај.

Така, нашинците кои работат во ЕУ во 2017 година испратиле во просек по 97 евра по глава на жител. За разлика од нив, лани српските печалбари во матичната земја префрлиле 2,9 милијарди евра од парите што ги заработиле на европско тло или дури 422 евра по жител. Веднаш зад нив се Косоварите, кои испратиле по 421 евро по жител или во апсолутен износ 759 милиони евра. Следат Црногорците со испратени 326 евра по глава на жител, односно лани во Црна Гора од ЕУ се слеале 203 милиони евра. Албанските печалбари, исто така, испраќаат голем износ пари, околу 870 милиони евра, но поделени според бројот на население излегуваат по 311 евра по жител.

Европската статистика открива и дека странците кои живеат и работат во Македонија во минатата година испратиле вкупно 18 милиони евра во други земји, но за жал во извештајот нема податоци колку од оваа сума е испратена во земји на ЕУ, а колку во трети земји.

Инаку, вкупниот износ на иселенички трансфери од земјите- членки на ЕУ во други држави во 2017 година изнесува 32,7 милијарди евра, во споредба со 31,8 милијарди евра во 2016 година. Приливите во ЕУ изнесуваа 10,7 милијарди евра во 2017 година и ова резултираше со негативно салдо (-22 милијарди евра) за ЕУ со остатокот од

светот. Поголемиот дел од лични трансфери се пари испратени од страна на мигрантите во земјата на потекло, се вели во извештајот на Евростат.

Меѓу земјите- членки, одливот на лични трансфери во 2017 година беше највисок во Франција (10,6 милијарди евра), по што следи Шпанија (7,3 милијарди евра), Обединетото Кралство (6,8 милијарди евра) и Италија (6,1 милијарди евра). Спротивно на тоа, највисоките приливи беа забележани во Португалија (3,6 милијарди евра), пред Полска (3,1 милијарди евра), Романија (2,8 милијарди евра) и Обединетото Кралство (2,3 милијарди евра). Како резултат на тоа, најголемите вишоци во лични трансфери беа регистрирани во 2017 година во Португалија (+3 милијарди евра), Полска (+2,8 милијарди евра) и Романија (+2,6 милијарди евра), додека во Франција е забележан далеку најголем дефицит (-10,1 милијарди евра), по што следи Германија (-4,6 милијарди евра), Велика Британија (-4,5 милијарди евра) и Италија (-4 милијарди евра).

Личните трансфери од ЕУ најчесто беа насочени кон Азија (20 отсто), по што следи Северна Африка (19 отсто), Јужна Америка, Централна и Јужна Африка (по 14 отсто) и европски земји надвор од ЕУ (13 отсто).

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра