28 Април, 2024
0.0261

Колку пари извади „Макпетрол“ од продажба на стоки за широка потрошувачка?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од продажба на смоки, сокчиња, води и пива, сладоледи, грицки и други стоки за широка потрошувачка „Макпетрол“ лани остварил приходи од 26,93 милиони евра и тоа е повеќе за 3,19 милиони евра од 2016 година. На „Макпетрол“ можат да му позавидат и некои големи ланци супермаркети за тоа колкави приходи има од продажба на стоки за широка потрошувачка

„Макпетрол“ лани продал стоки за широка потрошувачка од рафотвите на своите бензински пумпи во износ од 1,664 милијарди денари односно 26,93 милиони евра, а тоа е раст на продажбата на такви стоки за 13,4 отсто во споредба со 2016 година. Овие приходи на „Макпетрол“ се 9,3 отсто од сите приходи од домашниот пазар на компанијата остварени во 2017 година. Поголемиот број од големите македонски ланци на супермаркети можат да му завидуваат на „Макпетрол“ затоа што од неговата споредна дејност прави приходи колку што тие прават од нивната основна дејност – малопродажба на стоки за широка потрошувачка. Еве споредба: „Макпетрол“ од својата споредба дејност на бензинските пумпи прави повеќе од една четвртина од прометот што го има најголемиот македонски ланец на големи малопродажни маркети „Тинекс“.

Колку пораснала продажбата на овие стоки лани во однос на 2016 година?

„Макпетрол“ лани продал стоки за широка потрошувачка во износ од 26,9 милиони евра и тоа е за 13,4 отсто повеќе од продажбата во 2016 година односно за 3,19 милиони евра поголем приход. Оваа ставка може да се најде во Годишниот извештај на Управниот одбор на „Макпетрол“ за 2017 година на 185 страница и таа е со назив „останати стоки“. „Макпетрол“ го натфрлил планот за малопродажна на стоки од широка потрошувачка за 13 отсто односно за речиси 150 милиони денари. 

„Макпетрол“ ја има најголемата малопродажна мрежа низ државата затоа што управува со 127 бензински станици ширум земјава. Освен тоа од пред две години „Макпетрол“ воведе картичка за стимулирање на купувачите „Верна“ која функционира на систем на добивање поени за купени горива кои потоа можат да се искористат за купување стоки за широка потрошувачка на бензиските станици на „Макпетрол“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност