Колку пари извлече политичката криза од банките за шест месеци?!
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 08:25
Од достапните податоци се гледа дека најголемо намалување на депозитната база имаше во НЛБ банка и тоа за 3,6 милијарди денари (околу 60 милиони евра), а ја следеа и другите големи банки: Комерцијална банка со 3,32 милијарди денари, Охридска банка со 1,71 милијарди денари и Стопанска банка Скопје со 1,58 милијарди денари. Кога се знае дека овие четири банки држат над 70 отсто од пазарот јасно е во колку голема мерка ова го отсликува трендот на топење на депозитите во целиот банкарски сектор. Во споредбата не се опфатени: Силкбанка, Прокредит банка, Халкбанка, Еуростандард банка, Шпаркасе и Капитал банка заради тоа што тие немаат обврска и не објавуваат полугодишни и квартални податоци и не можевме да направиме споредба.
Каде се сега тие 153 милиони евра што излегоа од банките?
Иако е тешко со сигурност да се каже, многу е веројатно дека во најголем дел од овие пари се чуваат во сефови во истите банки во кои биле чувани со тоа што разликата може да биде само во тоа што се конвертирани од денари во евра или американски долари или можеби швајцарски франци. Веројатно е дека дел од парите се чуваат и дома, но веројатноста е се помала заради тоа што извесно е дека вадењето на парите од банките беше баук и нивното чување дома носи ризик. Рака на срце значајно влијание за вадењето на парите имаше и дестимулативната каматна политика за депозити на големите банки која во голема мерка но со помал интензитет ја следеа и малите и средните банки.
Новитет, а особено на радост на инвеститорската заедница е тоа што дел од овие средства иако во мала мерка сепак е видливо дека завршија во вложувања во акции , најмногу во блучипови, на Македонската берза за хартии од вредност. Веројатно најхрабрите од штедачите, демотивирани од ниските камати, одлучија да вложат во акции со дивидендни приноси кои веќе подолго време се поконкурентни од каматните стапки на орочените влогови и на депозитите.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




