19 Мај, 2024
0.0253

Колку пари лани заработија македонските банки?

Објавено во: Економија 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Сите деловни банки во земјава (вкупно 14 н.з.) оствариле добивка лани во износ од 106,6 милиони евра. Само петте најголеми банки имаат профит од 95,6 милиони евра. Тоа значи дека големата петорка носи дури 90 отсто од целиот профит на банкарскиот сектор. Ова јасно говори за тоа каква е структурата и колкава е конкурентноста на нашиот банкарски пазар...

Сите деловни банки во земјава лани заработиле 6,55 милијарди денари односно 106,6 милиони евра. Во споредба со 2016 година добивката на банкарскиот сектор пораснала за 3,7 милиони евра. Податоците покажуваат дека банкарскиот бизнис во Македонија е многу вносен и дека нивната работа и добивките бележат прогресивен тренд.

Овој резултат македонските банки го оствариле во услови кога генерално вкупните приходи од камати бележат пад односно намалување за 3,7 милиони евра односно за 1,1 отсто во однос на 2016 година. Но банките, очекувано, уште повеќе ги зголемилем нивните каматни расходи и врз основа на тоа си овозможиле раст на добивката. Во споредба со 2016 година нивните расходи за камати се пониски за 7,7 милиони евра односно за 9,9 отсто помали во споредба со каматните расходи за 2016 година.

На расходната страна, генерално, кај сите банки растат расходите за вработени, останати расходи и амортизација и тоа за 4,8 милиони евра односно за 2,6 отсто. Резервациите за кредити лани вкупно пораснале за 11,1 отсто во однос на 2016 година односно 8,1 милиони евра.

Колку заработија петте најголеми банки?

Добивката на петте најголеми банки лани достигна 5,88 милијарди денари односно 95,6 милиони евра. Тоа е за 6,1 милиони евра или 6,8 отсто повеќе од вкупната нивна добивка во 2016 година. Најголем придонес за зголемената добивка на најголемите банки имаат нето каматните приходи и некаматните приходи. Големите банки успеале да ги зголемат нивните каматни приходи за 2,4 милиони евра во споредба со 2016 година, а истовремено со тоа нивните каматни расходи ги намалиле за 7,2 милиони евра односно за 13,3 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници