Колку пари лани заработил Ванчо Чифлиганец?
Објавено во: Економија 08 Март, 2019 16:41
Чифлиганец лани од материјални надоместоци и други права од договори за работа остварил бруто износ од 1,5 милиони денари односно 24.390 евра, официјален податок од годишниот извештај на „Комерцијална банка“ чиј најголем акционер е фирмата „Адора Инженеринг“ чиј сопственик е Чифлиганец
Ванчо Чифлиганец, доктор на науки, успешен бизнисмен по вокација,
сопственик и управител на градежната компанија „Адора Инженеринг“, поранешен
пратеник, долгогодишен директор на рудникот за бакар „Бучим,“ лани заработил
помалку од раководител во банка на средно менаџерско ниво.
Од достапните официјални податоци објавени во Годишниот извештај за работењето
на „Комерцијална банка“ во 2018 година може да се види дека Чифлиганец лани од
материјални надоместоци и други права од договори за работа остварил бруто
износ од 1,5 милиони денари односно 24.390 евра.
Ова значи дека нето износот на годишните примања на Чифлиганец лани биле нешто над 60 отсто од бруто примањата што значи дека, според официјалните податоци кои ги објави „Комерцијална банка“ нето годишните примања на Чилиганец се помеѓу 15.000 и 16.000 евра.
Дополнително во извештајот е наведено дека за учество на секоја седница на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ Чифлиганец добива надоместок од 21.000 денари колку што добиваат и сите други членови на Надзорниот одбор.
За потсетување, Чифлиганец стана член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ лани во јуни откако неговата компанија„Адора Инженеринг“ во неколку наврати купуваше акции со право на глас во таа банка. „Адора Инженеринг“ која е во сопственост на Чифлиганец поседува 10,09 отсто од акциите на „Комерцијална банка“ и е најголем поединечен акционер. За да ги купи акциите во банката „Адора инженеринг“ преку берзански трансакции по пазарни цени плати над 10 милиони евра за купување на акциите.
„Адора“ направи преседан во нашата кратка корпоративна историја затоа што плаќаше пазарни цени за акцијата на „Комерцијална банка“ и не го правеше тоа на начин како што досега сме гледале со договорени цени и количини во блок трансакции. За 10 милиони евра „Адора“ станува најгласна во одлучувањето на банката која контролира 22 отсто од активата на целиот македонски банкарски пазар
Многу позитивен преседан во македонската корпоративна историја е тоа што „Адора“ купува акции по пазарни цен на Македонската берза за хартии од вредност. Не доминираа договорени блок трансакции по однапред утврдени цени како што сме гледале досега во повеќе наврати во минатото тргување со различни акции на нашиот пазар. Влезот на „Адора“ и на неколку други компании во „Комерцијална банка“ ги зголеми очекувањата на продавачите на акции и пазарната цена на таа акција почна да расте. Од 3.700 денари во втората третина на март до 5.500 денари во втората половина на јуни. „Адора“ ги следеше пазарните цени и купуваше акции.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




