20 Декември, 2025
0.0668

Колку пари од буџетот на САД изедоа војните во Ирак и Авганистан?!

Објавено во: Свет 29 Март, 2013 21:29

Добивај вести на Viber

Војните во Ирак и Авганистан на долг рок ќе ги чини САД од 4 до 6 билиони долари и со тоа ќе го оптоварат државниот буџет во идните децении, покажува студијата објавена денеска. Како што е наведено од страна на Линда Билмес, експерт на Универзитетот Харвард, САД ќе треба да се погрижат за зголемување на бројот на воените ветерани, околу 2,5 милиони евра, со враќањето на кредитот што е земен со цел да се покријат трошоците на војната. „Една од последиците на овие одлуки за буџетот за време на војната во Ирак и Авганистан е дека САД, исто така, ќе мора да го намали износот за вработените, дипломатијата, за истражување и развој и да ги преиспита дел од воените иницијативи", се вели во извештајот. Билмес  која работела за владата и во времето на Клинтон, изјави дека САД досега потрошиле два билона долари за двете војни, од времето на Џорџ Буш. Но, вели Билмес, најмногу пари ќе бидат потрошени за инвалидски пензии и медицинска грижа за ранетите војници, а повеќе од половина од 1.560.000 пензионирани војници ќе земаат доживотна пензија. Тоа е најголемиот број досега, вели Билмес. Последните анкети покажуваат дека Американците се повеќе се уморни од војната во Авганистан и дека ја критикуваат одлуката на Џорџ Буш од пред десет години за инвазија врз Ирак. Доналд Рамсфелд, секретар за одбрана во владата на Буш, рече пред инвазијата дека војната би чинела околу 50 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја