Колку пари од продажба нови акции за една недела собра платформата „Глеј“?
Објавено во: Економија 04 Јули, 2025 08:03
„Свод Мастер“ е домашна компанија која управува со дигиталната телевизиска платформа „Глеј“ која во својата понуда има 2.600 часови филмска и сериска програма и е присутен во 80.000 домови. За да го развијат бизнисот менаџерите и сопственици на „Глеј“ тргнаа во храбра мисија. Одлучија да се трансформираат во акционерско друштво. Парите од продадените акции планираат да ги вложат во оригинална продукција и во набавка на детска програма. Оваа одлука е вредна за почит затоа што кај нас ретко кој се одлучува да не бара кредит од банка туку да издаде акции и од тоа да прибере свеж капитал за развој и инвестиции. Јавната понуда започна пред една седмица, а досега продадоа околу 4.800 акции од понудените 200.000
Дигиталната телевиска платформа „Глеј“ за една седмица стекна свеж капитал во вредност од 47.000 евра, покажуваат официјалните податоци достапни на веб страната на Македонската берза за хартии од вредност.
„Свод Мастер“ пред една седмица промовираше јавна понуда за продажба на акции со трансформацијата на оваа компанија во акционерско друштво. Менаџментот и соптвениците одлучија да и отворат вратите на компанијата за нови акционери на кои им понудија 200.000 акции во вредност од 2 милиони евра.
Според официјалните податоци во првите шест трговски дена се продадени 4.791 акција со право на глас и право на дивиденда. Секоја од нив се запишува односно тргува по цена од 600 денари за акција. Вкупната сума на запишани акции досега изнесува 2,4 отсто од понудата. Јавната понуда е на почеток и ќе трае до 25 август годинава. Значи резултатот не е лош, напротив е добар почеток со оглед на тоа дека македонската копроративна култура нема многу искуства со иницијални јавни понуди за запишување акции. Тие се бројат на прсти во нашата 30 годишна корпоративна историја.
Што се нуди на продажба и во што може да се инвестира?
„Свод Мастер“ е домашна дигитална компанија која реши да го сврти вниманиетот на инвеститорската јавност. Оваа компанија дава јавна понуда за продажба на акции од која ќе прибере капитал за да ја финансира планираната инвестиција. „Свод Мастер“ преку берза официјално најави дека ќе даде јавна понуда за продажба на новоиздадени акции и со тие пари планира да го развива сервисот односно дигиталната медиа платформа „Глеј“ која до сега има 80.000 претплатници.
Како што е наведено во дописот во кој „Свод Мастер“ ги декларира своите намери станува збор за инвестиција во проекти со оригинална продукција како и за набавка на детска и друга странска програма.
Во нивното официјално соопштение, во кое се објаснува нивниот бизнис модел за дигитална платформа која емитува телевизиски содржини, пишува дека „Глеј“ од своето започнување со работа пред четири години. Досега успеале да ја обединат на нивната платформа речиси целата македонска филмска и сериска понуда. Воедно пишува и дека емитува синхронизирани содржини за деца.
Во својата понуда платформата „Глеј“ има 2.600 часови програма која ја нуди на повеќе од 80.000 претплатници. „Глеј“ соработува со двата телекомуникациски оператори во земјава, а исто така сервисот го нуди и преку кабелски оператори.
Oд аспект на растот на клиентите, параметар што е важен за инвеститорите кои ќе размислуваат дали да ја купат таа акција во иницијалната јавна понуда. „Свод Мастер“ декларира дека во 2023 година во споредба со 2022 година, го зголемил бројот на претплатници за 30 отсто.
Финансиските податоци за „Свод Мастер“ покажуваат дека компанијата во 2023 година остварила приход од 548.000 евра што е за 95 отсто повеќе од претходната година односно од 2022 година. Расходите на друштвото во истиот период пораснале за само 6 отсто и изнесувале 691.000 евра. Како што покажуваат податоците и покрај интензивниот раст друштвото 2023 година ја завршило со загуба од 148.000 евра што е 60 отсто помалку од загубата во претходната година. Свод Мастер е компанија основана како ДОО во 2021 година, а лани е трансфорирана во акционерско друштво. Основна дејност и е дистрибуција на филмска, видео и телевизиска програма. Капиталот на друштвото изнесува 900.000 евра.
Н.С.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




