Колку пари прави „Пекабеско“?
Објавено во: Економија 20 Август, 2019 17:25
„Пекабеско“ за пола година направи добивка од околу 930.000 евра. Компанијата која е синоним за македонски месни преработки во последно време беше изложена на гнев и потсмев во јавноста заради алчноста на најголемиот акционер и директор Слободан Кутревски кој сам на себе си подели награда од 1,15 милиони евра, а на акционерите не им даде ниту денар дивиденда
Најголемата домашна индустрија за месни преработки и сувомесни производи „Пекабеско“ направи 36,9 милиони евра приход од продажба за првите шест месеци годинава и тоа е за 4 отсто подобар резултат од лани, покажуваат официјалните податоци достапни на веб платформата СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.
„Пекабеско“ неодамна беше актуелен по скандалозната одлука на најголемиот поединечен акционер Слободан Кутревски сам на себе (како директор н.з.) да си додели награда од над 1 милион евра и да не подели ниту денар дивиденда на другите акционери во компанијата. Освен реакциите на инвеститорската јавнсот осуда за гестот на Кутревски дојде и од Комисијата за хартии од вредност од каде излегоа со став дека Кутревски требало да се изземе од гласањето за неговата награда и дека малите акционери се оштетени и дека треба да тужат.
Податоците покажуваат дека компанијата за првите шест месеци на домашниот пазар продала производи за 1,15 милиони евра повеќе од истиот период лани и продажбата дома достигнала 32,4 милиони евра. Извозот достигнал 4,5 милиони евра и во споредба со истиот период лани пораснал за 8 отсто.
Вкупните оперативни расходи на компанијата во првите шест месеци лани изнесуваат 36,8 милиони евра и се поголеми за 6 отсто од истиот период лани. Најголема расходна ставка се трошоците за набавка на стоки и услуги и тие се за речиси еден милион евра повисоки од истиот период лани и изнесуваат 25,4 милиони евра. За суровини компанијата платила 7,2 милиони евра, а за вработените трошокот е 2 милиони евра. Оперативната добивка е 1,1 милиони евра и е за 10 отсто пониска од истиот период лани, а заради негативниот сооднос меѓу финансиските приходи и финансиските расходи добивката е нешто над 1 милион евра. Нето добивката е 930.000 евра и е за 8 отсто пониска од истиот период лани.
Од билансот на состојба е видливо дека вкупните обврски на компанијата се 17 милиони евра, а од тоа тековните обврски се 10,9 милиони евра, а 6,1 милиони евра се долгорочни обврски.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




