Колку пари се потрошени за заштита на животната средина?
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 20:29
За заштита на животната средина лани се потрошени 4 454 830 илјади денари.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2015, којшто е 422 111 милиони денари, изнесува 1.06%.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (52.8%), потоа учеството на трошоците за заштита на воздухот (13.8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (11.9%).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37.9%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62.1%.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 3 861 895 илјади денари, односно 86.7%.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32.3% се наменети за инвестиции, а 67.7% се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85.0%.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




