19 Декември, 2025
0.1181

Колку пари вложи „Адора“ во акции на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 14 Мај, 2018 07:24

Добивај вести на Viber

„Адора Инженеринг“ се вгради во акционерската структура на „Комерцијална банка“ и стана најголем поединечен акционер. Во средата , на денот на победата над фашизмот „Адора“ плати 3,55 милиони евра за акции и стана најголем поединечен акционер на една од двете најголеми банки во земјава

Успешната македонска градежна компанија „Адора Инженеринг“ вложи 219,2 милиони денари односно 3,55 милиони евра во акции со право на глас. Трансакцијата се случи на денот на победата над фашизмот – 9 мај. „Адора“ во средата докупи 52.189 акции со право на глас и со претходните акции што ги поседуваше стана сопственик на 7,19 отсто од сите акции со право на глас во една од двете најголеми домашни банки. 

Кои се мотивите на „Адора“???

Факт е дека „Адора“ во средата со оваа финаниска операција затвори 3,55 милиони евра во акции во „Комерцијална банка“. Тоа значи дека на оваа градежна компанија не и се неопходни тие пари за своите деловни активности од областа на градежништвото односно сегментот на колективно домување каде „Адора“ е многу присутна и успешна. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста побара од „Адора“ да ги изложи мотивите за купување акции и да каже од кои извори се обезбедени средства со кои се платени акциите во „Комерцијална банка“. Ако ги добиеме одговорите од „Адора“ ќе ги објавиме во целост.

Само да потсетиме дека „Адора Инженеринг“ и пред неполни два месеци купи акции во „Комерцијална банка“. Трансакцијата се случи на 21 март годинава кога беа продадени 298.003 акции со право на глас во „Комерцијална банка“. Тогаш беше објавена листа на четири купувачи на акциите и меѓу нив беше и „Адора Инженеринг“. Количеството акции што го купи тогаш „Адора“ не го знаеме, но сигурно се работи за најмалку 4 отсто од основната главнина затоа што четири компании меѓусебе поделија 13 отсто од главницата, а притоа секоја една од нив купи помалку од 5 отсто од основната главница. Цената по која ги плати акциите е 3.750 денари за акција. Претпоставка е дека и тогаш „Адора“ купила барем 60.000 акции и за тоа платила околу 3,5 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии