19 Декември, 2025
0.0379

Колку подолг ни е животниот век, толку подолг е и работниот

Објавено во: Економија 24 Август, 2016 09:21

Добивај вести на Viber

За последните десет години, просечниот животен век во земјите на Европската унија пораснал во просек за 2,4 години, затоа расте и притисокот за подигање на старосната граница за пензионирање.

Една инвалидска пензионерка од Белград, својата пензија ја прима веќе 70 години. Првата пензија ја примила во далечната 1946 година.

Колку години денес има, не сака да открива, бидјеќи дамите за години не се прашуваат. Таа е една од ретките која долго веќе го дочекува поштарот со пензија, иако е факт, а тоа го потврдува и статистиката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, дека жените во просек, примаат подолго пензија од мажите.

penzija

Според податоците за 2015 година, кога се во прашање старосните пензии, мажите во просек пензијата ја примаат 17, а жените 19 години, додека во случајот на инвалидската пензија мажите пензија примаат 18, а жените 22 години. Со оглед на тоа дека старосната граница за заминување во пензија често се зголемува и кај нас и во земјите на Европската унија, се поставува прашањето колку пензионери ќе има во иднина кои во наредните 70 години ќе примаат пензија?

Или поради тоа што постари заминуваме во пензија ќе бидат побројни оние кои доприносите ги уплатувале цел работен век, но пензијата не ја дочекале? Дали помалото издвојување за пензии од државната каса навистина единствен параметар со кој законодавецот раководи кога ги заострува условите за пензија или демографија, сепак, покажува дека денес се живее подолго отколку пред 20 или 25 години, па со самото тоа треба подолго и да се работи?

Прашањето за заострување на условите за пензија го покрена овие денови и Германската централна банка, соопштувајќи дека подигањето на старосните граници за пензионирање на 69 години до 2060 година во извесна мерка би го ублажил притисокот на државниот пензиски систем, бидјеќи популацијата е се постара.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба