23 Април, 2024
0.0244

Колку нѐ чинеше условениот увоз на пченица и трговската војна со Косово?

Објавено во: Колумни 24 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Колку не чини условниот увоз на пченица и на брашно ? Сигурно нема да дознаеме, бидејќи оние што ги имаат информациите не мислат дека тоа е важно за јавноста. Но јавноста знае дека заради непотребно “мешање“ на државата на пазарот со пченица, нашата економија претрпе извесни загуби при извозот на производи во Србија преку забавени и отежнати процедури, додека траеше условниот увоз на пченица и брашно, но особено големи штети претрпе стопанството со затворањето на границата од страна на Косово. Дали требаше, покрај материјалната штета, да се претставиме пред светот и како земја која се декларира дека ќе го почитува слободниот пазар, но тоа не го прави. Изговорот: “ заштита на домашното производство“ би можела да го даде секоја земја за некој производ, а ако тоа се прогласи за оправдано, што би се случило со слободниот светски пазар? Мерката за условен увоз, што Македонија ја практикува веќе три години, не е трајно решение за заштита на конкурентската неспособност на дел од домашните производители на пченица, туку напротив – лажна надеж за непревземање соодветни активности од производителите да се изборат со конкурентското производство на пченица или да се ориентираат кон други производства со кои ќе опстојуваат самостојно како сите други производители. За жал оваа мерка е непотребна и погрешна и затоа што немала никаков ефект во претходните години. Ако одговорните луѓе во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги познаваат специфичните услови на земјоделство, ако направат површна анализа на расположивите податоци за производство на пченица, за откупот, за извозот и увозот, не би се осмелиле да предложат донесување на таква мерка. Производството на пченица последните пет години опаднало од 292 илјади тони во 2008 година на 215 илјади тони во 2012година. Откупот на пченица, во овие пет години, се движи од 87 илјади тони до 138 илјади тони. Пред воведувањето на оваа мерка во 2009 година е откупено 50% од производството на пченица, а во 2012 година 40,5%, но во 2008 година откупено е само 31.5%. Дека пазарот функционира без мешање на државата покажува извозот и увозот на жито, имено во 2008 година сме извезле жито за 41 милион долари, а во 2011 и 2012 година за 60 односно 59 милиони долари, додека увозот на жита во 2008 година изнесува 117 милиони долари, следните три години опаѓа на 100 милони долари, за во 2012 година повторно да биде 117 милони долари. Очигледно, на некомпетентните “стручњаци“ од МЗШВ полесно им било да донесат популистичка мерка (која за жал Владата ја прифаќа), отколку да превземат други активности за решавање на проблемите. За доверба во Владата, на земјоделците не им се потребни вакви популистички мерки, зашто доволно транспарентно преку рекламните кампањи им се соопштува колку Владата издвојува (планира) од буџетот, меѓутоа никако неможе да се дојде до показатели колку планираните средства за поддршка на земјоделството се остварени. Ако се е регуларно во доделувањето на средствата, не треба да се стравува од разликите што ќе настанат помеѓу планираната и реализираната сума, бидејќи во земјоделството може да се јават големи разлики помеѓу планираното користење на капацитетите и нивното годишно анагажирање, како и и помеѓу планираните и остварени приноси и обем на вкупното производство. Зошто во 2013 година, откако ќе бидат реализирани сите побарувања од земјоделците за 2012година, не се објават показатели заедно со планираното за 2014 година (за која се знае дека се планираат 140 милиони евра) за да се види колку се исполнил планот за 2012 година кога биле планирани 130 милони евра. Ваков игнорантски однос кон јавноста секако произлегува од тоталното потценување од луѓе кои раководат со МЗШВ, од потценување на целата струка, од потценување на трите државни земјоделски факултети во земјата, кога необразовани луѓе од агрокомлексот даваат изјави за раси, сорти, технологии, семиња и слично. Ако се направи површна анализа на структурата на средствата што се даваат како директна поддршка на земјоделците и на резултатите од производството, ќе се види дека има стручни анализи и стручни насочувања за стимулирање на некои производства. Затоа опаѓа производството на пченица, се намалуваат важни капацитети, 57% од сите родни овошки, во моментот, се јаболкови, не се намалуваат необработените ораници, нема окрупнување, извезуваме многу повеќе суровини отколку преработки. Проф.Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок