29 Март, 2024
0.0252

Колку сон ни е потребен?

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Луѓето просечно спијат по 24 години од животот. Тоа не е воопшто малку време. Значи луѓето огромен дел од животот  поминуваат во спиење. Како што и тука пишувавме пред некое време успешните луѓе ги краси една особина, а тоа е дека спијат релативно помалку часови во текот на едно деноноќие. На тој начин успеваат да бидат далеку попродуктивни од останатите. Сепак сонот е тема која ги заинтригирува луѓето до денешен ден со цел да откријат како сонот ни влијае на нашите секојдневни животи. Последните истражувања покажале дека стандарните 8 часови спиење може да бидат намалени на 7 до 7,5 часови спиење. Секако целта е тие часови спиење да бидат активно потрошени, што би рекло да не се превртувате во креветот цела вечер како мали деца. Поентата е дека може убаво да спиете и воедно помалку од просекот а притоа да бидете свежи како некој што спиел многу повеќе од Вас. И кога сме кај тоа немојте да мислите дека доколку долго спиете ќе бидете поодморени од некој што спиел помалку од Вас. Значи еве ги елементите за кои праксата докажале дека ќе ве направат попродуктивни и поодморени: Дремнување – Категорија која традиционално ја практикуваме после ручек. Секако поентата не е да се напиеме неколку ракии и да спиеме два саата после тоа. Целта е да се одмориме дваесет минути, со цел да му дадеме на мозокот оштрина за то што го очекува до крајот на денот. Како е на секој компјутер и на мозокот му е потребно време да се рестартира и малку да се одмори.  Правете ритуал пред да легнете – Ова треба да ви прејде во навика. Немојте да се уморувате со многу гледање телевизија. Тоа му доаѓа како брза храна за мозокот. Се чувствувате убаво додека ја конзумирате и потоа ги чувствувате негативните ефекти од таа лоша навика. Потребно е да бидете релаксирани пред спиење. За тоа е добро да имате лесна вежба или пак да пешачите пред спиење. Секако читање книга е подобар избор од гледање во екранот. Бидете уморни – Можеби најдобриот лек за добар сон. Луѓето кои се занимаваат со физичка работа ќе ви кажат дека заспиваат веднаш. И нормално дека е тоа поради уморот. Оние од вас кои работат канцелариски работи, нека се заморат на некој начин и така уморното тело ќе направи поубаво да спиете. Добар сон.... Редакција Фактор