Колку странци уби Хамас во Израел и од кои држави се?
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2023 18:49
Хамас уби огромен број странски државјани во Израел, објавен е список.
Има киднапирани и исчезнати. Според статистиката на АФП, палестинските и израелските власти ја потврдиле смртта на околу 180 странски државјани. Дел од нив имаат израелско државјанство.
Последните информации од денеска за бројот на загинати и исчезнати по држави се:
Соединетите Држави: 31 мртов, 13 исчезнати и киднапирани
Триесет и еден американски државјанин е убиен, соопшти во средата Белата куќа, без да ги прецизира околностите на нивната смрт. Од нив 13 се сметаат за исчезнати, а претседателот Џо Бајден изјави дека меѓу киднапираните има и Американци.
Тајланд: 30 мртви, 17 киднапирани
Триесет Тајланѓани загинаа, а 17 се во рацете на киднаперите. Околу 30.000 Тајланѓани работат во Израел, главно како земјоделски работници.
Франција: 24 мртви, 11 исчезнати
Дваесет и четири Французи загинаа, единаесет се водат за исчезнати, меѓу нив „најверојатно неколку заложници на Хамас“, според последните официјални податоци.
Русија: 16 мртви, осум исчезнати
Шеснаесет Руси загинаа, а осум се водат за исчезнати, се наведува во најновиот извештај на руската амбасада во Тел Авив.
„Најмалку еден е руски државјанин, кој има и израелско државјанство“, заложник на Хамас во Газа.
Непал: 10 мртви, еден исчезнат
Убиени се десетина Непалци, соопшти непалската амбасада во Тел Авив. Четворица од нив се во болница, а со петтиот „изгубен е контакт“. Во Израел има 265 непалски студенти, меѓу кои 17 биле сместени во кибуц Алумим, на југ, кој бил цел на нападот.
Германија: Помалку од 10 мртви, најмалку осум киднапирани
„Одреден број германски граѓани беа жртви на теророт на Хамас“, помалку од десет од нив, соопшти во средата германското Министерство за надворешни работи. Министерството зборува за „осум познати случаи“ на киднапирање на Германци, а еден случај може да се однесува на повеќе лица.
Аргентина: Седум мртви, 15 исчезнати
Буенос Аирес ја потврди смртта на седуммина Аргентинци и исчезнувањето на 15 лица. Меѓу нив се и двајцата браќа, Иаир и Ејтан Хорн, изјави нивниот татко, кој стравува дека биле „киднапирани и однесени во Газа“.
Украина: Седум мртви, девет исчезнати
Седум Украинци загинаа, а девет се водат за исчезнати, соопшти Киев.
Велика Британија: Најмалку шест мртви, десет исчезнати
Најмалку шест Британци загинаа, а десет се водат како исчезнати, изјави британскиот премиер Риши Сунак. Според израелската амбасада во Лондон, меѓу загинатите има и фотограф и 26-годишен маж кој живеел во Израел и работел како обезбедување на рејв забави во пустината.
Канада: Шест мртви и двајца исчезнати
Отава во вторникот ја пријави смртта на шестиот Канаѓанец. Двајца се уште се водат како исчезнати.
Кина: Четворица мртви, двајца исчезнати
Во понеделникот, Пекинг ја објави смртта на четворица Кинези за време на „конфликтот“, двајца исчезнати и шестмина повредени.
Романија: Четворица мртви, еден исчезнат
Букурешт објави дека загинале четворица романски државјани, меѓу кои и еден израелско-романски војник. Еден Романец е исчезнат.
Австрија: Тројца мртви, двајца исчезнати
Виена извести за смртта на тројца израелско-австриски државјани. Две лица се водат за исчезнати.
Белорусија: Тројца мртви, еден исчезнат
Белоруската амбасада во Тел Авив извести за смрт на тројца и исчезнување на еден државјанин на Белорусија.
Филипини: Тројца мртви, тројца исчезнати
Филипинската амбасада во Израел соопшти дека 33-годишна жена и 42-годишен маж загинале во напад на кибуц во близина на Газа.
Владата наведува дека животот го загубила и 49-годишна посетителка на фестивалот. Не се знае судбината на тројца Филипинци.
Бразил: Тројца мртви
Во нападите загинаа маж и жена со двојно бразилско-израелско државјанство и една Бразилка.
Перу: Двајца мртви, пет исчезнати
Перу има двајца мртви и пет исчезнати.
Република Јужна Африка: Двајца загинати
Јужна Африка има двајца мртви.
Португалија: Еден мртов, четворица исчезнати
Лисабон ја објави смртта на еден португалско-израелски државјанин и исчезнувањето на четворица државјани со двојно државјанство.
Италија: Еден мртов, двајца исчезнати
Загина италијанско-израелски државјанин (65), соопшти во вторник Министерството за надворешни работи. Двајца двојни државјани се водат како исчезнати.
Чиле: Еден мртов и еден исчезнат
Чиле објави дека еден негов државјанин загинал, а жител на кибуц Кисуфима се води како исчезнат.
Турција: Еден мртов, еден исчезнат
Анкара ја потврди смртта на турско-израелски државјанин кој со семејството живее во Израел од 1972 година. Еден нејзин државјанин исчезна.
Шпанија: Еден мртов, еден исчезнат
Убиена е Шпанка со израелско државјанство. Шпанец од Баскија, оженет со Чилеанка, е меѓу киднапираните во Газа, објави Мадрид.
Колумбија: Еден мртов, еден исчезнат
Богота пријавила смрт на Колумбиец и исчезнување на едно лице.
Камбоџа: Еден убиен
Пном Пен ја потврди смртта на студент од Камбоџа.
Австралија: Еден мртов
Австралија потврди една жртва.
Хондурас: Еден мртов
Властите на Хондурас ја потврдија смртта на еден нивни граѓанин.
Азербејџан: Еден мртов
Баку објави дека е убиен еден државјанин на Азербејџан.
Ирска: Еден убиен
Даблин во средата ја потврди смртта на 22-годишна девојка со ирско и израелско државјанство.
Швајцарија: Еден мртов
Загина швајцарско-израелски државјанин на 70-годишна возраст, кој живеел во Израел од 2004 година, соопшти швајцарската влада.
Мексико: Двајца киднапирани
Двајца Мексиканци, маж и жена, се киднапирани, објави Мексико.
Официјалните податоци покажуваат и дека меѓу исчезнатите има државјани на Парагвај (двајца), Танзанија (двајца) и Шри Ланка (двајца).
Хамас изврши напад на фестивал близу Газа, каде загинаа странски, но и израелски државјани. Синоќа имаше напад на болница во Газа, каде загинаа скоро 500 Палестинци.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




