Колку вреди Оливер Андонов?
Еднодневниот министер го поднесе својот анкетен лист
Објавено во: Економија 25 Септември, 2016 10:05
Дополнителниот
заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов до Антикорпуциската
комисија го доставил својот анкетен лист за имотната состојба. Тој поседува
стан во Скопје од 65 метри квадратни во вредност од 58.000 евра. Има и овошна
градина во село Моране (Студеничани), која му вреди околу 10.000 евра. Од
автомобили поседува стара Опел Корса и Форд Фокус. На функцијата доаѓа со
заштеда во банка од 15.000 евра, а како хонорари ги пријавил приходите кои ги
добивал од неговата професорска работа на МИТ Универзитетот од 3200 евра по
семестар.
Во биографијата на интернет страната на МВР пишува дека Андонов е роден во Скопје во 1971 година, а живеел во Крива Паланка каде што завршил основно образование. Понатаму продолжува на средно Воено училиште во Сараево, нема конкретен податок каде дипломирал.
Работел во повеќе гарнизони во ЈНА и на повеќе работни места во македонските безбедносни структури. Има титула доктор на науки и имал изготвено две теренски истражувања.
Оливер Андонов пред да биде именуван за дополнителен заменик министер, неполни 24 часа беше министер за внатрешни работи. Дотогашниот Митко Чавков си поднесе оставка, но за да биде именуван на друга функција во МВР, мораше да биде назначен министер, бидејќи според Законот за полиција тој ги назначува функционерите во Владата. Па за „инстант“ министер беше избран токму Андонов, кој го именуваше Чавков за директор на Бирото за јавна безбедност.

При неговото именување за министер на први септември, премиерот Емил Димитриев го пофали дека е стручњак во областа на безбедноста, со искуство и во АРМ и во МВР.
-Професор на воената академија како и професор и на други високообразовни институции. Од неговата биографија може да се види дека целосната негова научна и професионална кариера е во сферата на одбраната и безбедноста. Моментално работи на воената академија. Сметам дека се работи за човек кој и покрај тоа што работел во МВР и со својот научен кредибилитет и постигнувања во делот на безбедноста ќе даде максимум за што попрофесионално извршување на својата функција како министер за внатрешни работи, рече Димитриев.
Андонов дури и се фотографираше во кабинетот на министерот во МВР, а неговото име еден ден беше овековечено како министер за внатрешни работи. Следниот ден на таа позиција дојде Оливер Спасовски од СДСМ, а Андонов ја доби втората позиција како заменик министер.
Пред да биде избран за министер и заменик министер, Андонов беше еден од најгласните говорници во јавноста кои ги бранеа политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пишуваше против СДСМ, СОРОС, Зоран Заев, а застануваше зад секоја владина одлука. Тој беше еден од најжестоките поборници на аболицијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов на 56 политичари и нивни соработници. Колумните на Андонов се објавуваа на порталот Курир, а последната е со датум од 14 август со наслов „Некрофилија“.
J.М.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




