19 Декември, 2025
0.0601

Колку време е потребно за еден текстилен работник да го „испече“ занаетот?

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023 07:34

Добивај вести на Viber

Работникот во текстилниот сектор во првите три месеци е почетник. После година, ако истиот извршува една или две операции, ако е брз, ефективен, работи квалитетно, тогаш може да се смета дека го совладал занаетот.

Maријана Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека работникот мора да има љубов кон професијата, затоа што да се биде шивач не е едноставно и професијата си бара поседување на вештини и знаење.

„Ако нема љубов кон професијата, џабе правиме муабет. Мора да ја сака работата, да работи прецизно, а за да биде добар работник треба да биде одговорен, да има осет, да воочи што е добро, а што лошо. Доколку има направено грешка во работењето, да ја открие и да се поправи. Нормата е врзана со квалитетот. Треба да помине период од 6 месеци до година за да ја совлада работата, но важни се индивидуалните афинитети, кој колку е заинтересиран да научи“, рече Перковска.

Од конфекциите велат дека имало случаи кога луѓе без никакво искуство почнуваат да работат во текстилот и брзо се усовршуваат, но има и такви кои после години и години не го даваат посакуваниот резултат. Чувството за естетика исто така е многу важно за оваа работа.

Тоа е индивидуално, зависи од работникот. Се случувало да дојде работник кој нема искуство, седнува на машина, му објаснуваме како се работи, потоа постепено учи и се усовршува. Прво е важна љубовта кон професијата, но треба да имаат и дарба. Без тоа нема напредок. Сега веќе нема ни кого да обучуваме, а старите работници си одат во пензија. Секој месец работнички ни заминуваат во пензија, а нема млади“, велат од „Илда – Цеца“ од Кавадарци.

Oд „Креатив“ од кочанско објаснуваат дека минимум 6 месеци се потребни за совладување на занаетот. Но, како што наведуваат, денес попрво ќе најдат пензионерки кои ја знаат работата, отколку млади кои би работеле во текстил.

„Треба да му се покаже како работи машината, да совлада операции, а многу зависи и од самиот работник колку брзо сфаќа и учи. Но, сега оди многу тешко. Кај младите нема интерес за оваа работа. Младите си избегаа во странство“, велат од оваа конфекција.

Пред повеќе од една деценија се практикувало новите кадри извесен период да волонтираат, додека не го совладаат работниот процес.

Од „Квалитиум“ од Прилеп додаваат дека во минатото имало млади луѓе кои се обучуваа, но сега работите се сменети.

„Јас во оваа работа сум повеќе од 20 години, а паметам дека пред 15 години имаше наплив на млади кои доаѓаа и се обучуваа. Колку брзо ќе научат да работат зависи од нив, но и од обучувачите. Порано имаше млади кои доаѓаа, беа добри, брзо учеа. Ние и сега имаме млади работници, но не толку колку што се потребни“, додаваат од „Квалитиум“.

Светиниколски конфекции нудат награда од 5.000 денари за вработените кои ќе донесат нов работник во компанијата. Но, како што веќе кажаа, се пријавиле само повозрасни неквалификувани кадри. Текстилниот сектор со години алармира дека ќе им требаат илјадници работници кои е тешко да ги обезбедат. Перковска вели дека мораме да станеме свесни за важноста на текстилните работници во општеството. Објаснува дека секторот вработува околу 30.000 луѓе, а пред пандемијата имало околу 800 текстилни фирми, од кои поголем дел се во источниот дел на Македонија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?