Koлку време се чека во Македонија за вработување?
Објавено во: Економија 10 Декември, 2018 06:53
Колку време граѓаните ќе чекаат за вработување зависи од повеќе фактори, од професијата, дали активно или пасивно бараат работа, дали би прифатиле работа надвор од струката, како своите вештини и знаења ќе ги продадат на пазарот на труд.
Но, генерално во Македонија не е лесно да се најде работа. Има и примери кога луѓето со години бараат работа по завршување на образованието.
„Десет години поминаа откако завршив средно образование, но во тој период само една година работев во чевларство. Многу е тешко да се најде работа доколку човек нема пријатели“, вели Елена П.
Други пак сметаат дека да се најде работа е лесно, но условите се лоши.
„Во мај завршив со образование, а во јуни се вработив. Но, морав да ја оставам работата од приватни причини. Сега сум дома. Не е тешко да се најде работа, но газдите ги малтретираат работниците, им кратат од плата“, додава Јована Ристовска.
Според податоци на Агенцијата за вработување, најголем дел од евидентираните лица во земјава чекаат работа 11 месеци.
„Агенцијата за вработување на РМ обезбедува административни податоци за бројот на невработени лица во Република Македонија, односно води евиденција на невработени лица согласно законските прописи. Согласно горенаведеното, невработеното лице нема законска обврска да се пријави во Агенцијата за вработување како барател на работа. Со состојба на 31.10.2018 година во Агенцијата за вработување на РМ евидентирани се 91.485 невработени лица (активни баратели на работа) и 90.551 други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа). Според времето на чекање на вработување од 91.485 невработени лица, 36,2% (33.155) чекаат на вработување до 11 месеци, 35,4% (32.339) чекаат од 1 до 3 години и 28,4% (25.991) чекаат на вработување 4 години и повеќе“, одговараат од АВРМ.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека невработеноста се намалува. Стапката на невработеност во Македонија изнесува 20.8%. Тоа е благ пад во третото тромесечје во однос на второто, кога имало невработеност од 21.1%.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




