Комерцијална банка ги намали цените на некои платежни услуги за физички и правни лица, некои се целосно укинати
Објавено во: Економија 01 Август, 2025 10:43
Комерцијална банка донесе одлука за измени во својата Тарифа, по промената на тарифниот модел на Народната банка, со што значително ги намали надоместоците на услугите за граѓаните и компаниите.
Деловната банка соопшти дека од 1 октомври се намалуваат надоместоците за платежни услуги за физички лица, а некои од нив и до 66 отсто, додека дел од нив целосно се укинуваат.
„Со овие измени Комерцијална банка значајно го олеснува користењето платежни сметки, банкарски картички и електронско банкарство, како и вршењето трансфери на средства“, соопштија од домашната банка.
Целосно ќе се укинат дел од надоместоците за физички лица. Кредитните трансфери во интерен платен промет кон платежни сметки на физички лица преку електронско банкарство (Интернет банка и мБанка) и натаму остануваат без надомест, а отсега без надомест ќе бидат и трансферите преку електронско банкарство кон платежни сметки на правни лица во Банката. Се укинува и надоместокот за повлекување готовина од платежна сметка во девизи и од неорочени штедни депозити во девизи на резиденти физички лица.
Наместо досегашните три, поединците месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат.
Во просек за66 отсто кај физичките лица поевтинуваат услугите за кредитен трансфер преку шалтерите на аннката кон платежни сметки на физички и правни лица во банката. Во просек за 55 проценти е намален кредитниот трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку КИБС, а за 33 отсто кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку КИБС.
- Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 64 %
- Кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 50 %
- Месечен надомест за одржување платежна сметка со основни функции – намалување за 41 %
- Месечен надомест за користење електронско банкарство (Интернет банка или мБанка) – намалување во просек за 45 % и ќе се наплаќа само доколку клиентот ја користи услугата во текот на месецот
- Месечен надомест за користење КБ пакети – намалување во просек за 43 %
- Повлекување готовина со дебитна картичка од банкомат на друга банка во земјата – намалување за 40 % кај минималниот надомест.
- Уплата во готово преку МИПС – намалување за 62 %
- Повлекување готовина од платежна сметка во денари и од неорочени штедни депозити на резиденти преку шалтерите на Банката – намалување за 66 % кај минималниот надомест.
Истовремено, Банката донесе одлука за укинување на надоместокот за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон други сметки во Банката, извршени преку електронското банкарство. Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон сметки во други банки преку платните системи КИБС и МИПС, со намалување и до 30 отсто на трансферите извршени преку електронското банкарство.
„Како системски значајна банка која ја има довербата на над 300.000 клиенти физички лица со активни сметки и над 23.500 компании со активни сметки, Комерцијална банка останува доследна на својата мисија да обезбедува иновативни, пристапни и кориснички ориентирани финансиски решенија, кои го олеснуваат секојдневието на луѓето и придонесуваат кон успешен и напреден економски систем“, соопштија од Комерцијална банка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





