26 Јуни, 2024
0.0308

Комерцијална банка ја објави дивидендата! Колкава ќе биде и кој ќе земе 2,5 милиони евра?

Објавено во: Финансии 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка на своите акционери домашни физички лица на 4 мај ќе им исплати 7,74 милиони евра. Најдобитен акционер е градежната компанија „Адора Инженеринг“ на Ванчо Чифлиганец. За него се резервирани повеќе од 2,5 милиони евра дивиденда!

Најголемата деловна банка во Македонија, „Комерцијална банка“ денеска објави дека ќе исплати 500 денари дивиденда во бруто износ за секоја акција со право на глас. Ова е предлог одлука која ќе ја гласаат акционерите на „Комерцијална банка“ на 29 март годинава.

Ова значи дека најбројните акционери на таа банка домашните физички лица ќе добијат по 450 денари нето износ на дивиденда (откако банката за нив ќе ги одбие и исплати на државата 10 отсто персонален данок).

Станува збор за повеќе од 5.200 домашни физички лица кои поседуваат 46,4 отсто од акциитена банката. Тие ќе поделат меѓусебе 7,74 милиони евра нето дивиденда.

Вкупниот бруто износ на дивиденда што ќе го исплати „Комерцијална банка“ изнесува 18,5 милиони евра.

Правото на дивиденда ќе го остварат над 5.600 акционери, според актуелната состојба на ЦРМ. Тие поседуваат 2,279 милиони акции.

Банката дивидендата ќе ја исплати на 4 мај, а краен рок за купување акции со право на дивиденда е 12 април годинава.

Повеќе детали за оваа предлог одлука на „Комерцијална банка“ на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=62052

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ГЕРМАНИЈА: продолжуваат таму каде што застанаа, ќе се отворат нови работни места

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ГЕРМАНИЈА: продолжуваат таму каде што застанаа, ќе се отворат нови работни места

ЕВЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ САКА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНЕЦОТ - потрошувачките кредити се доближија до две милијарди евра

ЕВЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ САКА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНЕЦОТ - потрошувачките кредити се доближија до две милијарди евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ ИЗНЕСУВАЛА 41.085 ДЕНАРИ - благ раст во споредба со март, но расте и на годишно ниво

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АПРИЛ ИЗНЕСУВАЛА 41.085 ДЕНАРИ - благ раст во споредба со март, но расте и на годишно ниво

Генерали Инвестментс: За пазарите на капитал, инфлацијата во САД е поважна од европските избори

Генерали Инвестментс: За пазарите на капитал, инфлацијата во САД е поважна од европските избори