13 Мај, 2025
0.0257

ЕВЕ ЗА ШТО НАЈМНОГУ САКА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНЕЦОТ - потрошувачките кредити се доближија до две милијарди евра

Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2024 13:18

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани и штедат, ама и сакаат да се задолжуваат во банка.

Што е и сосема нормално, бидејќи во спротивно долги години не би можеле да дојдат до стан, или, пак, да купат некакви електрични уреди за својот дом, а некои и за да му обезбедат образование на своето дете, па дури и такви кои земаат кредит за да заминат на одмор. 

Народна банка на Македонија ги објави најновите податоци за депозитите и кредитите за март, а податоците за кредитите говорат дека Македонецот и натаму најмногу се задолжува преку потрошувачките кредити.

Имено, на крајот на март потрошувачките кредити стигнале до ниво од 1,98 милијарди евра, што е раст за 13,3 милиони евра за еден месец, во однос на април. Тоа значи дека граѓаните на основа на потрошувачки кредити „опасно“ се доближуваат до долг од две милијарди евра.

Притоа треба да се има предвид дека многу од граѓаните земаат потрошувачки кредит и за да купат автомобил, особено за набавка на половни автомобили, на старо, бидејќи е многу поедноставна процедуртата.

Тоа го докажува и фактот што сумите на земени автомобилски кредити секогаш се многу мали. На крајот на мај граѓаните по основ на класични автомобилски кредити должат само околу 7 милиони евра, но треба да се истакне дека во мај кај нив се регистрирани високи проценти на пораст.

И, втор најомилен кредит на нашите граѓани им е станбениот, па по таа основа задолженоста на македонските домаќинства достигна до близу 1,417 милијарди евра. Во однос на претходниот месец, тоа е зголемување за над 12 милиони евра. 

Од НБМ во однос на кредитите коментираат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,7 отсто и 0,9 отсто, соодветно, при годишен раст од 6,1 и 10,8 отсто, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 5,2 и 21,7 отсто на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад од 0,1 и 7,9 отсто, соодветно. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележано месечно зголемување од 7,3 отсто, при годишен пад од 2,2 проценти. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕВОСТ НЕ БИЛ БЕЗ ПАРИ: Заработувал помеѓу 5.000 и 6.400 евра како кардинал

ПРЕВОСТ НЕ БИЛ БЕЗ ПАРИ: Заработувал помеѓу 5.000 и 6.400 евра како кардинал

КОЈ БЕШЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА? Живеел во замок, а потоа изгубил сè - запаметен по најголемата загуба во историјата

КОЈ БЕШЕ НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА? Живеел во замок, а потоа изгубил сè - запаметен по најголемата загуба во историјата

СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост

СИГУРЕН, НО ПРИСТАПЕН: Еве го списокот на најдобри половни автомобили до 10 години старост

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите