Комерцијална банка не се откажува од поделба на дивиденда: Ќе ја подели кога ќе престане мерката на Народната банка
Објавено во: Економија 10 Март, 2021 10:17
Комерцијална банка АД Скопје не се откажува од поделбата на дивидендата од ланската добивка, но ќе ја испочитува Народната банка која привремено забрани банките да делат дивиденди годинава. Од Комерцијална банка од каде веќе имаше одлука на Надзорен одбор за поделба на дивиденда, денеска соопштуваат дека направиле измени за да се усогласат со оваа одлука на регулаторот. Парите ќе стојат како задржана добивка и ќе се распределат кога ќе има можност за тоа.
„Комерцијална банка АД Скопје обрнува внимание дека и со измените на Одлуките, Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари по акција и дека измените во Предлог - Одлуките за исплата на дивидендата претставуваат одложување од привремен карактер. Износот на дивидендата останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




