19 Декември, 2025
0.0525

 „Комерцијална банка“ ги намали вложувањата во државни хартии од вредност

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2015 09:16

Добивај вести на Viber

Депозитите на клиенти лани пораснале за 110,4 милиони евра, кредитирањето пораснало за 23,7 милиони евра, нето приходите од камати паднале за 2,26 милиони евра, но  и покрај тоа „Комерцијална банка“ има нето приход од камати во вредност од 125.810 евра дневно! Се добива впечаток дека се потешко банките, кои пливаат во пари, наоѓаат добри проекти за вложување... Депозитите на клиентите на „Комерцијална банка“ лани пораснале за 6,8 милијарди денари (110,4 милиони евра) во однос на 2013 година и достигнале ниво од 79,9 милијарди денари (1,297 милијарди евра), покажуваат податоците од неревидираниот неконсолидиран биланс за работењето на банката во 2014 година објавен на Македонската берза за хартии од вредност. Со ваков раст на депозитната база менаџментот на банката лани го зголемил нивото на кредитирање за 1,46 милијарди денари (23,7 милиони евра) за на крајот на годината банката да има кредитни пласмани во износ од 47,66 милијарди денари (773,7 милиони евра). Можеби најзначајна промена што е видлива од објавениот биланс е тоа што „Комерцијална банка“ лани го намалила своето портфолио на вложувања во хартии од вредност за 36,5 отсто односно за 1,9 милијарди денари ( над 30 милиони евра). Од официјалните податоци се гледа дека на крај на 2013 година во такви финансиски инструменти банката имала 5,2 милијарди денари (безмалку 90 милиони евра), а на крајот на 2014 година во тие инструменти чува околу 55 милиони евра. Наспроти драстичниот пад на вложувања во државни хартии од вредност кај „Комерцијална банка“ лани забележлив е силен раст на нејзините позајмици или кредити на други деловни банки. Тој износ на крајот на минатата година е осум пати поголем од износот на крајот на 2013 година. Во бројки 2014 година оваа банка во други банки има вложувања од 8,27 милијарди денари, а на крајот на 2013 година на други банки зајмила помалку од една милијарда денари. Од овие две деловни политики воочливо е дека менаџерите на „Комерцијална банка“ направиле видливи и во определена мерка значајни измени во „сетирањето“ на деловните процеси од кои ќе зависи идното деловно работење на таа , за македонски услови, голема банка. За да се направи подобра слика за деловните потези на водечките луѓе на „Комерцијална банка“ потребно е да се видат билансите на другите две големи деловни банки „Стопанска банка Скопје“ и „НЛБ Тутунска банка“ за да се види дали овие деловни маневри се тренд кај големите банки или се новина само од „Комерцијална банка“. Од анализата на билансите треба да се истакне тоа дека паричните средства и нивните еквиваленти се намалени за 1,67 милијарди денари во однос на 2013 година  до ниво од 27,55 милијарди денари. Дека вкупната актива на банката во 2014 година е 92,77 милијарди денари и е 6 милијарди денари повисока од 2013 година. Речиси идентичен раст има и кај вкупните обврски кои пораснале за 5,84 милијарди денари до ниво од 83,25 милијарди денари. Евидентно е дека лани нивото на резервации за лоши пласмани е речиси идентично со 2013 година и изнесува 1,83 милијарди денари. Значајно подобрување лани во споредба со 2013 година има кај оштетувањата на нефинансиски средства и тие се за 80,8 милиони денари пониски и се на ниво од 308,5 милиони денари. Треба да се истакне и фактот дека банката лани има пониски нето приходи од камати и тоа за 139 милиони денари помалку од 2013 година. На крајот на минатата година нето приходите од камати се 2,83 милијарди денари односно просечно дневно лани банката од камати нето приходувала по 7,75 милиони денари!. Очекувано при пониски нето приходи од камати банката успеала да ги зголеми нето приходите од провизии и надоместоци за 17 милиони денари до ниво од 909,5 милиони денари. Минатата година „Комерцијална банка“ ја заврши со добивка од 95,6 милиони денари или 16,7 милиони денари повеќе од 2013 година. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра