25 Ноември, 2024
0.0329

Kомисијата за заразни болести со уште една одлука: Продолжува полицискиот час, можно е и нови мерки во наредените денови

Објавено во: Македонија 22 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Полицискиот час кој е воведен на 10.март, а забраната за движење трае од 22 до 05 часот е продолжен за уште две недели.  Одлуката да продолжи ваквата рестриктивна мерка денеска треба да ја достави Комисијата за заразни болести, но министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува ниту можноста во текот на наредните денови да предложат  и дополнителни рестриктивни мерки заради актуелната епидемиолошка слика. Во изминатите денови во Македонија се регистритаат огромен број новозаразени лица со Ковид-19, заради што секојдневно се зголемува и потребата од хоспитализации, а посебно загрижувачка е бројката на починатите пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1329, а од Министерството за здравство соопштуваат дека има околу 300 слободни болнички кревети во ковид центрите низ земјава.

- Ние сме спремни да воведеме и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не дадат посакувани резултати. Ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, истакна министерот Филипче за ТВ Сител.

Најмногу хоспитализации има во главниот град каде што во ковид центрите се лекуваат вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19, а поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, од петокот е отворен и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.

Инаку, во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 пациенти, па таму во текот на изминатата недела се намали редовниот тек на хируршките интервенции, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. Што се однесува пак до останатите градови, најмногу болни од вирусот има во болницата во Прилеп, дури 119, во Куманово 104, како и во Охрид 92 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти, во болницата во Штип 55 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а голема е и бројката во Кавадарци, каде од полничко лекување имаат потреба 72 пациенти.

А.Б.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа