19 Декември, 2025
0.0371

Компании на своите вработени им плаќаат вештачко оплодување, но ќе се шокирате зошто!

Објавено во: Свет 15 Октомври, 2014 20:41

Добивај вести на Viber

„Фејсбук“ годишно издвојува по 15.000 евра за замрзнување на јајце-клетките на своите вработени кои сакаат да имаат деца. Истата пракса од јануари ќе ја воведе и „Епл“. Но, причините воопшто не се хумани. Имено, тие се одлучуваат на овој чекор, бидејќи се обидуваат да ја одложат нивната бременост и што подолго да ги задржат во канцеларија. На многу жени вработени во овие компании им се допаѓа идејата да го „запрат“ биолошкиот часовник, но критичарите сметаат дека станува збор за манипулација. Контроверзната пракса, според првите луѓе на Фејсбук има за цел да го зголеми бројот на женски персонал, овозможувајќи им на вработените жени да се фокусираат на кариера, но во истовреме да не мора во целост да се откажат од сонот за мајчинство. Социјалната мрежа е прва која финансисра ваква процедура од немедицински причини, а освен износот што се издвојува за самата постапка за замрзнување на јајце-клетките, Фејсбук за секоја од овие вработени плаќа и по 370 евра годишно за изнајмување на место во банката за јајце-клетки. „Многу е тешко да се напредува на професионален план и паралелно да се одгледуваат деца. Нудејќи им ваков вид на сулуга, компанијата вложува во жените и ги поддржува во настојувањето да го изградат својот живот онака како што сакаат“, вели раководството на компанијата. Како награда за лојалноста, Фејсбук, исто така, на секоја „новопечена“ мајка во својата фирма и подарува по 3.700 евра за да купи облека и опрема за бебето. Некои сепак ваквите потези ги сметаат за манипулација и скриен обид на компанијата да ги задржи работничките колку што е можно подолго и максимално да ги искористи пред да се посветат на семејство.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела