КОМПАНИИТЕ НУДАТ ПРОДОЛЖЕНО ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА: Вработените го користат за стекнување нови знаења и вештини
Објавено во: Свет 30 Август, 2024 11:52
Работниците сè повеќе бараат компании кои нудат продолжено,
обично платено отсуство од работа (sabbaticals) за да им помогнат да се справат
со синдромот на „прегорување“, да стекнат нови искуства и да го подобрат
балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Повеќе од половина од анкетираните менаџери, поточно 53 отсто, изјавиле дека нивната организација на вработените им нуди продолжен одмор од работа, додека 29 отсто од испитаниците одговориле негативно, покажува најновото истражување на британскиот институт CMI.
Според извештајот, 62 отсто од менаџерите кои работат во јавниот или хуманитарниот сектор велат дека нудат продолжено отсуство од работа, наспроти само 44 отсто од оние во приватниот сектор, пренесува Гардијан.
Продолженото слободно време од работа може да го зголеми задоволството на вработените и на тој начин да помогне да се задржат во компаниите, се наведува во извештајот. Овој тип на отсуство од работа често може да трае неколку недели или повеќе од една година и често е поврзан со патувања низ светот, кои се главната цел, но и за стекнување нови знаења и вештини.
Вработените овој период не го користат само за пасивен одмор, туку и за истражување на различни професионални цели и опции, а компаниите ги разбрале нивните потреби и се трудат да ги задржат своите креативни и квалитетни вработени кои се „прегорени“ од премногу работа.
Компанијата Мајкрософт нуди т.н одмори за вработените кои биле во компанијата повеќе од 10 години во форма на осум недели платен одмор, додека технолошката компанија Adobe нуди дополнителни четири недели одмор на вработените кои биле во компанијата повеќе од пет години, пренесува порталот Fainensbaz.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




