20 Декември, 2025
0.0611

Компаниите од Азербејџан заинтересирани за проширување на бизнисот во ЈИЕ

Објавено во: Економија 19 Април, 2013 14:39

Добивај вести на Viber

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Баку ги претставиле можностите за инвестирање пред триесетина претставници од поголеми азербејџански компании и членови на бизнис заедницата.

Бизнис форумот, организиран во соработка со АЗПРОМО,  азербејџанска економска агенција основана од Министерството за економија и развој го отвори министерот за економски развој Шахаин Мустафајев кој Република Македонија ја претстави како пријателска држава, која е отворена за економска соработка.

Пред присутните тој ги нагласил главните полиња на интерес на компаниите чија што дејност се одвива во повеќе сфери како што е градежништвото, земјоделството, туризмот и развојот на информатичките технологии.

Свое обраќање, соопшти владината прес-служба, пред присутните имал и премиерот Груевски истакнувајќи дека целта на посетата на Азербејџан е продлабочување и зацврстување на добрата соработка меѓу двете држави, како и презентирање на можностите за унапредување на економската размена и развој на инвестициските можности.

Груевски посочил дека многу други земји имаат богати наоѓалишта на природни ресурси, но Азербејџан му покажа на светот дека е потребна мудрост и визија за да се искористат за доброто на сопствените граѓани, особено што земјата остваруваше раст и во секторите кои не се поврзани со производството на нафта.

Во своето излагање тој посочил и  дека целта на денешниот бизнис форум е да зборува за она што може да се постигне во годините што следат и да се оствари заедничка корист за граѓаните од двете држави.

- Република Македонија го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со нејзиниот брз и сигурен поход кон првите три позиции на најреформските ориентирани земји, според угледниот Дуинг бизнис извештај на Светска банка, и тоа веќе неколку години по ред што докажува дека напорите и реформите кои ги прави државата за подобрување на бизнис климата се темелни и оспежни. Од 94-то место во 2006 година во извештајот за 2013 година Република Македонија се наоѓа на 23. позиција меѓу 185 земји и е највисоко рангирана во однос на која било транзициска економија од Југоисточна Европа. По условите за основање на бизнис државата се наоѓа на 5. позиција, рече премиерот.

Груевски истакнал дека преку потпишувањето на договори за слободна трговија со ЕУ и земјите од ЕФТА и Југоисточна Европа (ЦЕФТА), како и со Турција и Украина сега Македонија е дел од големиот европски пазар со пристап до 660 милиони потрошувачи.

Груевски ги акцентирал и направените реформи на планот за привлекување инвестиции, како што е воведувањето единствена стапка од само 10 отсто на персоналниот данок на доход и данок на добивка, ослободување од оданочување на задржаната добивка, драстично намалување на административниот и регулаторен товар за водење бизнис, а во неколку фази е спроведен и проектот регулаторна гилотина со кој се укинаа несуштинските обврски за основање и водење на бизнисите. Мерките за управување на градежното земјиште со што е поедноставена постапката за градење, намалени се комуналиите, воведени се субвенции за тур операторите, како и други реформи кои позитивно влијаат на бизнис климата.

Од страна на Груевски биле посочени и можностите за инвестирање кои им стојат на располагање на инвеститорите, особено што до сега се отворени три технолошки индустриски развојни зони од кои едната во Штип, Тетово и уште едната во Скопје, а планирани се уште седум нови зони. Акцентираше дека тие нудат низа поволности како ослободување на данокот на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослобдување од реинвестирана добивка и ослободување од административни такси, а во зависност на инвестицијата Владата дава субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедување инфраструктурни погодности како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување.

На бизнис форумот своја презентација имал и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски кој ги презентирал  постигнувањата на макроекономски план, економските движења и успешноста во справувањето на македонската економија со предизвиците, како и за реформите во даночниот систем, катастарот и процесот на регулаторната гилотиња.

Пешевски се задржа ил на важноста од искористување на гасот, како и заинтересираноста на Република Македонија за глобалните проекти на азербејџанските нафтени компании.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба