КОМПАНИИТЕ ОД ИТАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ИНТЕНЗИВИРААТ ДИРЕКТНИТЕ КОНТАКТИ: Муцунски цели економската дипломатија е стратешки приоритет
Објавено во: Економија 02 Јули, 2025 10:30
Економската соработка меѓу Македонија и Италија е на високо ниво, но потенцијалот се уште не е доволно искористен, посебно во делот на енергетската транзиција, циркуларната економија, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации. Компаниите од двете земји треба да ги интензивираат директните контакти и заеднички да придонесат за јакнење на долготрајните деловни врски, порачаа учесниците на денешниот бизнис форум во Скопје.
Форумот го отворија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-министерката за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи.
Муцунски напомена дека економската дипломатија е стратешки приоритет на Владата, а Италија останува многу важен партнер, особено во доменот на инвестициите.
-Акцентот на форумот го ставаме на јакнење на соработката во делот на енергетската транзиција, инфраструктурата, технолошките иновации и дигитализацијата, но и на користењето на финансиските инструменти за интернационализација. Верувам дека во блиска иднина ќе ги видиме првите практични резултати на овој план, истакна Муцунски.
Според него, нивото на трговска размена со Италија лани било околу 685 милиони евра.
-Очекуваме дека ваквиот тренд ќе продолжи, со тенденција на негово натамошно зголемување, рече министерот.
Тој изрази очекување дека ќе продолжи квадрилатералната соработка со Италија, Албанија и Бугарија за Коридорот 8.
Триподи која во обраќањето се фокусираше на економските односи, искажа и поддршка за македонските евроинтеграции. Констатира дека се недоволно искористени потенцијалите за соработка во циркуларната економија, енергетската транзиција, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации.
По форумот е предвидена билатерална средба меѓу министерот Муцунски и заменик-министерката Триподи.
Фото:МИАМожеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




