Компаниите повторно влегуваат во меѓусебни долгови ?!
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 13:25
Имаме тендеција на преголема влуменозност на администрацијата, а капацитетот за подбрување на условите за животот на граѓаните и за социо-економскиот развој во континуитет недостасува, смета универзитетскиот професор Леонид Наков, и додава дека ако се погледне бројот на вработени во централаната власт или во локалните претпријатија тие се блиску до бројот на вработените во здравството.
„Она што е видливо во Македонија, независно од големата бројка е дека се уште има недостиг на квалитетна, професионална и деполитизирана админситрација. Тоа е јасно нотирано во сите извештаи за напредокот на Македонија,“ изјави Наков во „Економски магазин“ на Алсат-М.
Стопанството бара доследна примена на Законот за финансиска дисциплина, што е донесен на први мај 2014 година. Почна да фунционира како што треба, но сега има проблеми во плажањата.
„Сега има пак некои сигнали дека во последниве неколку месеци повторно се заостанува во меѓусебното плаќање. Тоа не е добро. Треба да се применува Законот за финансиска дисциплина, затоа што санкциите се високи и тие се ретроактивни. Претпоставуваме дека причините се поради одредена несигурност со целокупната состојба во земјата, но и во опкружувањето и тековната ликводност постојано е прашање како да се одржува , и ако може некогаш да се задоцни со плаќањата, но тоа не е добро“, изјави за „Економски магазин“ Митко Алексов од Сојуз на стопански комори за Алсат-м.
Гледајте вечерва Економски магазин во 22 часот и 30 минути на Алсат-М
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/rmQC4MGESLE[/embed]Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




