28 Мај, 2020
0.0568

Компаниите за организирање и поддршка на настани,ТВ и филмска продукција бараат поддршка од Владата

Објавено во: Економија 29 Март, 2020



Неформалното здружение на компании вклучени во секторот за организација и поддршка на настани, ТВ и филмски продукции достави барање до Владата за итна поддршка на нивниот сектор во овие кризни и тешки времиња за нивната дејност.

Неформалното Здружение на микро, мали и средни компании кои се директно или индиректно вклучени во индустријата во областите како: организација и реализација на настани, ТВ и филмски продукции, помошни услужни дејности во уметноста за покривање на настани – осветлување, изнајмување на аудио/видео опрема. Тоа се агенции за организирање на настани – концерти, манифестации, конференции, саеми, конгреси, промоции, корпоративни настани и компании ангажирани во изнајмување, монтажа и продажба на опрема за настани (изнајмување – аудио, видео, опрема за осветлување, ИТ опрема, саемска опрема, конференциска опрема, шатори и друго), како и видео продукции кои се ангажирани во продукцијата како продуценти, автори, монтажери, графички дизајнери. Ова неформално здружение моментно брои близу 80 компании кои вработуваат повеќе од 300 вработени, иако реалната бројка е тројно поголема.

Исто така, сакаме да напоменеме дека покрај нашите редовно вработени, оваа гранка ангажира и склучува голем број договори на дело, а ангажира како подизведувачи и многу други сектори и индустрии. Со нашето неработење, директно или индиректно се засегнати голем број на уметници од различни профили – актери, музичари, фотографи, сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери, техничари, енергетичари, превозници, бравари, столари, и многу други.

Ние сме оние невидливи но вредни работници без кои не би било возможно да се органиизра било кој настан. Ние сме и оние кои стојат зад видео реализацијата и преносите во живо од настаните, креаторите и изведувачите на бројни телевизиски емисии, реклами и др. Сите концерти, митинзи, конгреси, кампањи, манифестации, корпоративни настани, хуманитарни настани, државни прослави, саеми…не би биле возможни без нас и постоењето на нашата индустрија.

Бидејќи сме гранки од областите кои ви ги посочивме, забраната за јавни собири како прва воведена мерка (пред воедувањето на вонредната состојба) значеше и целосна забрана за работа и делување. Нашите компании не бележат пад на приходите, ние едноставно сме оставени без било каков приход на нашите сметки.

Без намера да ја игнорираме тежината на последиците со кои се соочуваат другите гранки и индустрии, ние сме едни од ретките сектори кај кои бизнисот им беше целосно прекинат преку ноќ. Нашиот бизнис практично не постои сè додека постои уредба за забрана за јавни собири, а исто така забележуваме дека откако ќе заврши пандемијата, ќе биде потребно уште некое време пред да се дозволат јавните собири, додека, на пример, веднаш по завршувањето на кризата тоа нема да важи за превозниците, за угостителите или пак трговијата. Сакаме уште еднаш да истакнеме, дека нашата професија беше една од првозасегнатите уште кон крајот на февруари, а ќе ѝ треба најдолго време да се врати во нормалниот работен тек. Свесни сме дека нашето приземјување е заради виша сила и поради тоа бараме истото да не се игнорира.

Неформалното Здружение на компании ги предлага следните мерки со кои би ни се олеснило да го поминеме овој за нас исклучително тежок период:

1. Субвенционирање на минимална бруто плата за сите вработени до завршувањето на кризата, односно до укинувањето на забраната за јавни собири
2. Одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци, односно додека не заврши пандемијата и рестартирање на пазарот
3. Мораториум на обврска по кредити и заеми сè до завршувањето на кризата, односно до укинувањето на забраната за јавни собири
4. Овозможување за користење на субвенционирани бескаматни кредитни линии

Принципот на одлучување по сите 4 точки да биде за сите подеднакво а никако попринципот прв дојден, прв услужен. Со оглед на ситуцијата и препораките за социјално дистанцирање, во следниот период состанок нема да биде можен, но отворени сме за сите форми на онлајн средба на која заеднички би ги разгледале нашите барања со цел изнаоѓање на прифатлив став по однос на истите.

Доколку не ги прифатите нашите барања и тоа во најкраток можен рок, ќе бидеме приморани да ги отпуштиме нашите вработени и да ги затвориме компаниите. Без нас и без нашата поддршка кон настаните, Република Северна Македонија ќе остане тивко место и по завршувањето на пандемијата.

Со почит,
3д Проект Студио Доо
Абеилле Маисон Дооел
Авард Филм и видео Дооел
Авц Гроуп Доо
Авц-см Доо
Аквариус дизајн Доо
Александер Арп Дооел
Алфа Асаунд Дооел
Алфа Аудио Дооел

Амк Панекс Дооел
Амски Дооел
Ангеловски Фотографија Дооел
Ат Технологија Доо
Аудио Експерт Дооел
Аудио Саунд Т.П
Баги Комуникации Дооел
Биг Саунд Дооел
Болин Дооел

Боттега Евенти Доо

Бујо – Теф Електроника Доо
Висион Доо Скопје
Главна Сцена Дооел
Двд Пет Доо
Ди-Ен-Ди Дооел
Доо Стама Продукција.
Дсц Соунд Рент Дооел
Дуна Доо
Дфпм Фабрика
Елбо Дооел
Зец Електроникс Дооел
Имиџ – А Дооел
Инфомедиа Системи Дооел
К Енд Д Аудио Дооел
Камај Аудио Дооел
Клс Дооел
Коди Доо
Кумев Брадерс Продукција
Мастер Аудио Дооел
Мм-Ацоустикс Дооел
Моби Саунд
Моментс Продукција Дооел
Мотион – Про
Мунлајт Доо
Н-Соунд Дооел
П Ворлд Глобал Доо
Певац Лис Дооел
Пирузе Дооел
Подиум Плус Доо
Принц Соунд Доо
Про Аудио Сервис
Продукција Мс Дооел
Проивент Солуции Дооел
Про-Лајт Дооел
Реверса Доо
Реверса.Ком Дооел
Револутион Дооел
Ред Рот Тп Скопје
Ренесанса Инженеринг Дооел
Риверсофт Логистик Дооел
Сато Саунд Дооел
Саунд Бај Цековски Дооел
Скмк Дооел
Слс Рентал Дооел

Спектаклум Дооел
Теди Саунд Дооел
Тиамо Дооел
Узунов Саунд Дооел
Флукс Продукција Дооел
Флукскаб Дооел
Фонолукс Дооел
Фрагмент Комуникации Дооел
Цлс Еквипмент Дооел
Чкаља Дооел
ТП Дани Музика

...


Можеби ќе ве интересира

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“

НЕ ГИ ПОГОДИ КРИЗАТА: Руските олигарси трупаат пари

НЕ ГИ ПОГОДИ КРИЗАТА: Руските олигарси трупаат пари

ЗА УЈП Е ДАНОЧНА ТАЈНА КОИ ФИРМИ ДОБИЛЕ ПАРИ ОД ДРЖАВАТА - за мерката 50 отсто придонеси имињата ќе останат непознати

ЗА УЈП Е ДАНОЧНА ТАЈНА КОИ ФИРМИ ДОБИЛЕ ПАРИ ОД ДРЖАВАТА - за мерката 50 отсто придонеси имињата ќе останат непознати

Игротеките бараат уште една плата и да се знае дали ќе има скрининг за нив

Игротеките бараат уште една плата и да се знае дали ќе има скрининг за нив

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот

МОТ и ЕБОР ја советуваат Северна Македонија за пазарот на трудот по корона вирусот

„БОИНГ“ ВО ДЛАБОКА КРИЗА: Отпушта скоро12.000 работници

„БОИНГ“ ВО ДЛАБОКА КРИЗА: Отпушта скоро12.000 работници

ЗА СИТЕ ШТО ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА СО ПОТПИШАНА СПОГОДБА, ОТКАЗ ИЛИ ЛИЧНА ИЗЈАВА - ќе добијат пари од државата за половина плата

ЗА СИТЕ ШТО ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА СО ПОТПИШАНА СПОГОДБА, ОТКАЗ ИЛИ ЛИЧНА ИЗЈАВА - ќе добијат пари од државата за половина плата