19 Декември, 2025
0.0531

Компаниите загадувачи не си ги исполнуваат законските обврски, потребни засилени контроли и санкции!

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2014 18:25

Добивај вести на Viber

Загрозено исполнувањето на националните цели во однос на Законот за управување со пакување  и отпад од пакување Македонија во изминатиот период, се труди да ги исполни законските обврски и нормативи во различни области, за да ги исполни барањата и да ги усогласи законските прописи со оние на земјите членки на Европската Унија. Меѓутоа, се повеќе се доведува во прашање исполнувањето на националните цели предвидени со Законот со управување со пакување и отпад од пакување, што e обврска која Република Македонија ја презеде пред ЕУ, како земја со кандидатски статус. Имено, субјектите што го создаваат отпадот, не ги почитуваат одредбите од овој закон. Ескпертите укажуваат на можните последици, кои не се само во однос на нашите односи со ЕУ, туку директно не засегаат и нас како граѓани. „За да се исполнат националните цели предвидени со Законот за управување со пакување и пакување, неопходна е постојана контрола на надлежните институции, пред се на Државниот инспекторат за животна средина, но и Пазарната инспекција која доби овластувања по овој закон. Субјектите што созадаваат отпад од пакување, односно амбалажен отпад, должни се да уплаќаат надоместок за овој отпад во Буџетот на Република Македонија или, пак да склучат договори со овластени правни лица за колективно постапување со отпад и да плаќаат утврден надомест во зависност од видот и количините на амбалажниот отпад за тоа. Ова е во насока на законските барања за постојано зголемување на процентот на преработката и рециклирање на амбалажниот отпад до 2020 година, кога 60% од вкупниот амбалажен отпад треба да се рецилира наместо да заврши на депонија″, коментира универзитетскиот професор од областа на екологија и одржлив развој и поранешен министер за екологија, Зоран Шапуриќ И од Институтот за животна средина при универзитетот ЈИЕ сметаат дека имплементацијата за Законот за отпад од пакување не е на ниво на кое треба да биде. „За жал, голем дел од создавачите на амбалажен отпад не го уплаќаат предвидениот законски надомест во буџетот, ниту пак склучуваат договори за колективно постапување. Дел од тие пак што имаат договори, пријавуваат помалку од реалните количини на создадениот отпад од пакување. Со тоа директно се загрозува буџетот и се загрозува исполнувањето на овие национални цели, бидејќи без финансирање на системи за одделно собирање на амбалажниот отпад, нема преспектива за законот да заживее. Иако постојат дури 4 компании кои се колективни постапувачи со отпад од пакување, дел од нив немаат видлива активност и не ги собираат и рециклираат количините за кои имаат законска обрвска. Во 10 пати поголеми земји од нашата има една до две компании кои се колективни постапувачи со отпад од пакување и во тие земји има над 50% стапка на рециклирање. Но, таму системот го финансираат сите компании кои се загадувачи, плаќајќи 5-6 пати повисоки надоместоци од оние кои се кај нас″, вели асистенот на овој институт Вулнет Зенки. Дел од овластените правни лица за колективно постапување со отпад од пакување ги заобиколуваат одредбите од Законот и пријавуваат нереални, фингирани или неточни количини на отпад кој наводно го собрале и рециклирале, со што не ги исполнуваат обврските од дозволите коишто им го издава Министерство за животна средина и просторно планирање. Ако се продолжи со толерирање на овие компании и девијации, јасно е дека нема да се исполнат целите за преработка и рециклирање. Оттаму е неопходна засилена и перманентна контрола на сите надлежни инспекциски органи и да се применат санкциите предвидени со законот кои предвидуваат и одземање на дозвола за колективно постапување на оние компании кои доставуваат лажни податоци до институциите. Ова е уште повеќе важно, ако се има предвид дека е во тек постапка за измена на Директивата на Европската унија, за пакување и отпад од пакување, која предвидува уште повиски цели за рециклирање и преработка на амбалажниот отпад, велат експертите.  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка